Каролина Гочева не го заборава: Таа објави видео на кое ја пее нејзината омилена песна од Тоше Проески! (ВИДЕО)

Во објавата на видеото, таа напиша и краток коментар...

Секој 16-ти октомври од 2007 година, па наваму е тажен ден. Македонија и Балканот го загубија најголемиот музички талент што воопшто се родил на овие простори.

Тоше Проески загина кај местото Нова Градишка во Хрватска. Веста експресно се прошири низ целиот Балкан.

И така секој 16-ти октомври наоѓаме разни начини да го споменеме, да се присетиме и да му оддадеме почит за се што има направено и оставено.

Една од неговите блиски пријателки додека беше се уште жив е нашата Каролина Гочева. Двајцата ја испеаа можеби една од најубавите балади кои се направени некогаш, а тоа е песната „Немир“.

Каролина не го заборави Тоше ниту денеска и покрај тоа што поминаа 14 години. Таа сподели видео на кое ја изведува нејзината омилена песна од Тоше – „Илузија“. Во објавата на видеото, таа напиша и краток коментар:

„Песнава му ја засакав уште кога ја слушнав демо снимката пред повеќе од 20 години….
Можеби не е од неговите најголеми хитови, но мене секогаш ме враќа во едно преубаво време и ми буди прекрасни спомени…
Напишана од чичко Кире (Костов)…
Илузија
За Тоше ❤️“.

Погледнете и слушнте ја оваа песна на Тоше во изведна на Каролина:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.