Како живеел чешкиот милијардер: Петр Келнер (56) беше еден од најмистериозните луѓе на светот!

Животна приказна

Петр Келнер, милијардерот од Чешка и еден од најбогатите луѓе на светот, настрада во хеликоптерска несреќа

Најбогатиот човек во Чешката Република, Петр Келнер (56), фасцинираше многу луѓе. Овој милијардер некое време живеел во Прага во голема вила, но како и многу богаташи, со семејството постојано се селел низ светот, барајќи го најпогодното место за живот.

Како се збогатил, каде живеел, какво било неговото детство – ви ги откриваме најинтересните детали од животот на овој милијардер, кој настрада во хеликоптерска несреќа на Алјаска.

1. Имот

Петр Келнер поседувал низа недвижнини и поседи ширум светот. Сите тие трансакции се извршувале во тајност, па светот не знаел за имотот на овој богат Чех. За Петр се вели дека бил еден од оние луѓе кои во секој дел од земјата имале по една инвестиција.

2. Авиони

Петр најмногу патувал со авиони, па и самиот поседувал две летала. Приватните авиони што ги имал Петр се направени така што имаат спална соба, туш-кабина и место за 6 патника. Не е познато дали Петр имал пилотска дозвола, но се знае дека во составот на неговата послуга имало и пилот.

3. Работа

Се прашувате со кој бизнис се занимавал Келнер и од каде стекнал толку големо богатство? Одговорот е стакло. Една од неговите фабрики произведува стакло, а чешкото стакло се смета за едно од најквалитетните на пазарот.

4. Скромни почетоци

Петр не бил роден во изобилие, напротив. Во деведесеттите години на минатиот век почнал да работи така што дистрибуирал машини за фотокопирање и така почнало сè. Бил водечка бизнис-фигура во посткомунистичка Чешка, а неговото богатство „Форбс“ го процениле на 17,5 милијарди долари. „ППФ групата“ на Келнер е сопственик на компанијата „Теленор“ во Србија, која нуди услуги за мобилна и фиксна телефонија и моби-банки.

Овој инвестициски фонд во 2018 година станал сопственик на сите „Теленор“ телекомуникациски компании во регионот на централна и источна Европа. Во телекомуникацискиот бизнис „ППФ“ влегол во 2013 година кога ги купил чешкиот и словачкиот „Телеком 02“ од шпанската „Телефоника“, која на пазарот влегла во 2005 година.

5. Деца

Петр има 4 деца, иако позната е само Ана Келнер, чешка натпреварувачка во категорија млади јавачи. Била и државна првенка и јуниорска државна првенка во Чешка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anna Kellnerová (@annakellnerova1)

6. Жени

Келнер се венчавал два пати. Неговата прва сопруга била Ива Келнер. Негова последна сопруга била Рената Келнер, а парот има четири деца. Токму Рената ја основала семејната фондација „Келнер“ која ѝ помага на Чешка. На пример, во 2010 година, оваа фондација уплатила значаен износ за да им помогне на загрозените жители на Чешка по поплавите.

7. Приватност

Многу малку се знае за Келнер. Тој бил човек кој внимателно ја чувал својата приватност и приватноста на своето семејство. Не давал интервјуа, не се фотографирал често, а неговото семејство често се селело и немале можност да стекнат пријателства.

Кога го прашале милијардерот Ворен Бафет што е среќа, тој одговорил вака: Неговиот совет ќе ви го смени животот од корен!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.