Кога го прашале милијардерот Ворен Бафет што е среќа, тој одговорил вака: Неговиот совет ќе ви го смени животот од корен!

Мора да прочитате

За среќа важна е само една работа, а многумина тоа предоцна го дознаваат

Милијардерот Ворен Бафет е сигурен дека до врвот го довеле правилата што целиот живот строго ги почитувал.

Пред речиси 20 години, во текот на едно предавање на Универзитетот во Флорида, еден студент му поставил прашање на Ворен Бафет:

„Кога би можеле да почнете од почеток, што би промениле?“

Одговорот што следел, ја објаснил самата суштина на животот:

„Никој нема привилегија да живее два пати, но секој од нас има можност да го смени во животот она што не му се допаѓа. Најважно е да го правите тоа што го сакате, без разлика дали станува збор за работа или за приватен живот. Да ми понудеше некој на почетокот да заработувам милиони, но да соработувам со луѓе што не ги сакам, веднаш би ја одбил таа понуда.“

За да биде човек среќен и успешен, мора да ужива во секоја секунда од животот. Секогаш правете го само она што сакате – тоа е неговиот најголем совет. Еве како тоа ќе го промени целиот ваш живот:

Многумина мислат дека се подразбира тоа дека работата мора да биде стресна и непријатна, а вистината е сосема поинаква, само што луѓето не се подготвени доволно долго да трагаат. Стравот од промена и излез од удобната зона ги кочи во остварувањето успех и голема среќа. Човек мора да работи за да може да си дозволи убав живот, но повеќето забораваат дека мора и да се забавува на истото тоа работно место.

Работното време од 8 часа е долг период, а ако сте незадоволни секој ден, тоа на крајот резултира со фрустрации што се одразуваат и на животот.

Луѓето што се зафатени со она што го сакаат се поотворени за нови можности. Подготвени се да прифаќаат предизвици и да ризикуваат, а кога нема да успеат, знаат како да продолжат понатаму.

Правејќи го она што го сакате, создавате круг на позитивна енергија околу себе, а со самото тоа си создавате поубав и посреќен живот и тогаш успехот е неизбежен.

Дали се согласувате со неговото мислење?

Како да го решите секој проблем во животот: Топ 10 совети на Роман Абрамовиќ
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.