Го напуштила факултетот, станала инфлуенсерка и се збогатила прекуноќ: За 5 часа заработува и повеќе од 400.000 денари!

Дебело заработила од својот изглед

Алекса има 25 години и милиони на сметка

Алекса Никол Колинс (25) од Јужна Флорида е инфлуенсерка која се откажала од факултетот, а денес од својата работа заработува околу 50.000 долари месечно. Запишала студии по комуникација, но брзо сфатила дека сака да се занимава со социјални мрежи и да заработува од нив.

„Студирав на факултет за комуникации, а во втора година сфатив дека школувањето едноставно не е за мене и дека сакам да се занимавам со социјални мрежи. Денес соработувам со најголеми брендови, живеам на релација Мајами-Лос Анџелес и наплаќам по 10.000 долари за објава на Инстаграм. Месечно заработува помеѓу 35.000 и 50.000 долари. Само на Инстаграм имам 1,2 милиони следбеници, а мојата содржина се базира главно на фотографии од патувања, мода и разни совети и трикови“, вели Алекса.

Работата како инфлуенсерка не е воопшто лесна, иако луѓето најчесто стекнуваат впечаток дека се состои само од фотографирање.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alexa Collins (@alexacollins)

Потребно е многу време за да се успее

„Секој ден со часови работам за да имам доволно содржина што ќе ја пласирам. Покрај тоа, постојано сум на телефон, дури и кога не работам. Телефонот секогаш е до мене и секогаш гледам во него. Исто така, многу луѓе не знаат колку многу работев бесплатно за денес да заработувам олку добро. Првите неколку години работев буквално бесплатно додека стекнав публика. За тоа ми требаа околу пет години! Иако на набљудувачите од страна им изгледа како сè да се случило прекуноќ, за ваквите работи треба многу време“, вели таа и додава:

„За луѓето да ве следат и да ви веруваат, мора да поминете многу време во интеракција со нив и да им дозволите да ве запознаат. Јас постојано сум во комуникација со моите следбеници, постојано им одговарам на сите прашања и коментари, им се отворам, споделувам интимни моменти со нив.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alexa Collins (@alexacollins)


Алекса тврди дека парите што ги заработува на овој начин потоа ги инвестира во акции и со тоа дополнително заработува и ги зголемува своите приходи.

„Кога почнував, моите родители не беа многу среќни, но кога видоа дека добро ми оди, се премислија и сега целосно ме поддржуваат“, открива Алекса.

Оваа млада инфлуенсерка додава дека нејзината среќа била во тоа што навреме го прифатила трендот на онлајн-купување кој тогаш само што почнал да станува популарен.

„Сфатив дека онлајн-купувањето е иднината и дека Инстаграм ќе биде платформата за тоа. Додека имав помалку од 100.000 следбеници, ниту еден од брендовите не ми плаќаше во пари, туку ми испраќаа свои производи. Тоа не е лошо, но во еден момент мора да почнете да го наплаќате својот труд со пари“, раскажува Алекса.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alexa Collins (@alexacollins)

Работен ден од пет часа

Инфлуенсерката вели дека нејзиниот работен ден трае околу пет часа, а вклучува фотографирање, снимање, уредување и обработка на фотографии и видеа, опремување објави за социјалните мрежи, но и интеракција со луѓе на социјалните мрежи.

„Мора да ѝ бидете достапни на својата публика, но морате со неа да ги споделувате и вашите проблеми. Јас се трудам да го прикажам мојот реален живот, и гламурот и не толку убавите страни“, тврди Алекса.

35-годишна инфлуенсерка го оставила сопругот, па се омажила за син му: „Поради него се чувствувам помладо!“ (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.