Методот со којшто Евреите ги воспитуваат децата се смета за најдобар на светот: Само вака ќе воспитате ментално силно дете!

Родителство

Овие правила гарантираат дека ќе воспитате вистински мал гениј

Еврејската култура се залага за начин на воспитување кој се заснова на фалење на детето и на малку поинакви принципи од оние на коишто сме навикнати. Поради правилата до кои строго се придржуваат, децата што растат почитувајќи ги овие правила стануваат самоуверени и успешни луѓе кога ќе пораснат.

Ова се нивните 3 златни принципи:

1. Не им создаваат комплекси на децата

Тие никогаш нема да му кажат на своето дете „не го направи ова добро“, туку наместо тоа ќе кажат: „како толку добро дете како тебе може да направи нешто толку погрешно?“. „Моето дете нема и не може да има мани“ – таков е ставот на еврејските мајки. Можеби тие ги гледаат, но никој друг нема да знае за тоа.

2. Им даваат разумна слобода

Современото еврејско воспитување комбинира две навидум контрадикторни работа: слобода на детето и строги правило. Тие нема да полудат ако детето направи некоја беља, но детето добро ќе знае до која граница може да оди. Со разговор и објаснување се постигнува добар баланс во воспитувањето.

3. Ги фалат своите деца што почесто

Родителот треба да го фали детето и за најмалите достигнувања. Ако се трудиме да ги забележуваме сите добри работи кај децата, вклучувајќи ги и ситниците и ги поттикнува во секоја пригода, тоа може радикално да го промени нивното однесување. За да ја зајакнете нивната желба за успех и да им ја зголемите самодовербата, дозволете им да „прислушуваат“ и да слушнат кога ги фалите пред вашите пријатели. Тоа исклучително позитивно ќе влијае врз нив.

4. Ги учат децата што е добро преку свои примери

Децата го имитираат тоа што го гледаат, па затоа родителите мораат да бидат добар пример.

5. Љубовта и почитта во семејството се гаранција за менталното здравје на детето

Сè потекнува од семејството, тука детето ги стекнува првите навики. Доколку расте во опкружување кое е исполнето со љубов и слога, постојат големи шанси дека ќе порасне во личност со голема самодоверба. За да биде детето ментално силно, мора да владее слога помеѓу родителите.

6. Ги усовршуваат вештините за родителство

Настојувајќи да воспитаат успешни и независни деца, еврејските психолози имаат развиено цел систем на воспитување со кој секој може да се запознае на посебни курсеви за родителство. Воспитувањето мал гениј започнува со усовршување на родителите. На овој начин ќе му дадете пример на детето дека константното учење е клучот за успехот.

7. Ги учат децата правилно да го користат своето време

Еврејските деца не знаат што се мрзеливост и бесмислено муабетење. Со часовите по виолина, англиски јазик, математика децата од мали нозе се навикнуваат дека нормално е постојано да се биде зафатен со работа.

15 работи што се менуваат кога бебето ќе пристигне во семејството
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.