Канје Вест брутално претепал момче на улица во Лос Анџелес: Тоа сакало само автограм, а раперот полудел!

Човекот навистина полуде...

Полицијата го истражува Канје Вест поради наводно удирање на момче кое му барало автограм, а ТМЗ дошло до снимка на која може да се види како човек лежи на улица, додека Канје беснее на луѓето што работаат за него.

Имено, нападот се случил околу 3 часот наутро во Лос Анџелес, пред складиштето на Сохо. На почетокот на снимката Канје вреска „бегај од мене“, на жена која очајнички се обидува да го смири. Таа му вели: „Јас сум твое семејство“, но тој бесно си заминал, а странските медиуми откриле дека таа навистина му била роднина.

По зборовите на сведокот, ова се случило неколку секунди откако Канје наводно двапати го удрил момчето, еднаш во главата, еднаш во врат, а поради падот, се здобило и со повреди на главата.
Наводно, Канје замолил мала група пред него да не го фотографираат и им рекол дека поминува низ тежок период.

Момчето кое барало автограм добило медицинска помош на лице место, но на крајот заминал на преглед во итна нега.

Ова е само уште еден инцидент на кој веќе се навикнавме од контроверзниот рапер.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.