ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 14 јануари (петок): Сè оди по планот, опуштете се!

Астро-прогноза

Бикот е среќен, Терезијата е осамена, Девицата е несреќна, Скорпијата е задоволна

ОВЕН

Работа: Секогаш може подобро и вие тоа најдобро го знаете, па затоа поработете на организацијата и плановите за наредниот период.

Љубов: Не форсирајте ништо, време е за лесни разговори и комуникација без големи обврски и очекувања.

Здравје: Многу добро.

БИК

Работа: Можните недоразбирања со работното опкружување најдобро е да ги решите со компромисно решение.

Љубов: Бидете тоа што сте, но сепак обидете се да ја задржите контролата над ситуацијата, во спротивно многу работи би можеле да останат недокажани и недефинирани.

Здравје: Без значајни предупредувања.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Многу работа ги очекува типичните Близнаци во текот на последниот работен ден во седмицата, но сè може да се постигне со одлична организација и комуникација.

Љубов: Можно е денес да ве очекува ново познанство со многу интересна личност, па ете можност за флерт и за убава опуштена приказна.

Здравје: Одлично

РАК

Работа: Бидете трпеливи и доволно тактични доколку не сакате да се замерите со некои луѓе кои не размислуваат исто како вас.

Љубов: Доколку сте задоволно од актуелната љубовна ситуација, уживајте, додека сите останати би требало да покажат малку повеќе иницијатива и да се покренат.

Здравје: Сосема задоволително.

ЛАВ

Работа: Со исклучок на можното нетрпение и неколкуте нервозни реакции поради тоа, сите други работни активности би требало да им тргнат од рака на Лавовите овој петок.

Љубов: Многу поволен ден доколку сте планирале да се посветите на зајакнување на темелите на вашата љубовна приказна. Уживајте.

Здравје: Многу добро.

ДЕВИЦА

Работа: Не е лош ден за покренување реализација на некои нови идеи, само обидете се претходно да направите прецизен план на активности.

Љубов: И на љубовен план ве очекува поволна ситуација. Барем една љубовна замисла спроведете во дело. Уживајте.

Здравје: Многу добро.

ТЕРЕЗИЈА

Работа: Нема ненадминливи пречки на работен план за Терезиите овој петок. Слободното време би можеле да го искористите за се посветите на некое хоби.

Љубов: Употребете го целиот свој шарм и заводнички адути за дополнително да се зближите со личноста која ве привлекува.

Здравје: Многу добро.

СКОРПИЈА

Работа: Проверете да не ви се провлекле некои незавршени обврски кон институциите поврзани со формалности и папирологија, за да одбегнете плаќање пенали.

Љубов: Бидете за нијанса пореални, не се залетувајте за да не се доведете во комплицирана ситуација.

Здравје: Можна осетливост на зглобовите и ситните коски.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Иако не оди сè сјајно, со одредени корекции и спонтано решавање на проблемите, сепак ќе успеете да завршите сè на задоволителен начин.

Љубов: Важно е да се опуштите и без поголемо потресување да ги одржите партнерските односи.

Здравје: Можни алергиски реакции.

ЈАРЕЦ

Работа: Држете го својот правец, воздржете се од коментари и обидете се евентуалните несогласувања со соработниците да ги решите на компромисен начин.

Љубов: Уживајте во вниманието и наклоноста што ви ги покажува саканата личност. Би можеле да возвратите со некое убаво изненадување.

Здравје: Без значајни предупредувања.

ВОДОЛИЈА

Работа: Солиден крај на работната седмица ги очекува Водолиите, но проследен со голем умор. Опуштете се и не брзајте.

Љубов: Ве очекува многу убав ден на љубовен план доколку сте планирале да уживате во некоја заедничка активност со вашата сакана личност.

Здравје: Одлично.

РИБИ

Работа: Соработниците што не почитуваат ништо и кои постојано ги менуваат своите ставови може да ви зададат помали грижи на работа.

Љубов: Позанимавајте со анализа на сопствените желби и очекувања пред да се одлучите за наредниот потег.

Здравје: Можни стомачни проблеми.

Ова е тајната која секој хороскопски знак ја чува за себе!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.