„Гладијаторската“ луксузна вила за новото реално шоу – „Островот на љубовта“ чини 1.2 милиони евра: Се наоѓа во Африка! (ФОТО)

Вакво нешто немало досега...

Се вршат и последните подготовки за спектакуларниот почеток на реалното шоу „Островот на љубовта“.

Учесниците ќе се натпреваруваат како гладијатори во најголемото спортско реално шоу до сега.

Вилата поседува стази за трчање и базен со олимписка големина.

Организаторите потрошиле 1,2 милиони фунти за изнајмување на гламурозна вила на јужноафриканскиот брег.

Новата вила на „Островот на љубовта“ има и олимписки базен, а Маја Јама ќе биде домаќин на зимската серија која почнува во јануари.

Натпреварувачите мора да бидат подготвени за борба во потрага по романтика на овој место, која се вика „Лудус Магнус“ по древната римска школа за гладијатори.

Имотот има терени за фудбал и рагби, стаза за трчање од 400 метри и зип-лајн, како и стази за брдски велосипедизам.

Комплексот поседува и брзи реки и две пливачки стази од 50 метри во огромно езеро – кои се користат за олимписки тренинзи.

Имотот се простира на 25 хектари во винска долина во близина на Кејптаун. Вилата има 17 спални соби и куќичка на дрво, како и базен во форма на буквата Т.


Сопственикот на луксузниот имот е Регис Маниора (42) од Луксембург и неговата сопруга Иларија (41) и ја купиле пред две години и ја реновирале.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.