Ова е диетата на Саша Поповиќ: „За две недели губам до пет килограми“

Шоубизнис

Саша Поповиќ има точно дефиниран план на исхрана кога сака да изгуби килограми.

Саша Поповиќ изгледа како времето да застанало за него. Оние кои се сеќаваат додека пееше со Брена во бендот „Слатки грех“ можат да потврдат дека не се променил многу.

Саша има јасна дефинирана диета која не му дозволува големи промени со килограмите, така што може да ја одржи истата тежина. Како што вели тој, во текот на зимата се здебелува, што е случај за многумина, но дека со одредена диета брзо ги губи килограмите.

„Секогаш се дебелеам во текот на зимата, па морам на пролет да слабеам. Тогаш е време на славите и празниците, се јаде зачинета и тешка храна. Во текот на зимските месеци генерално добивам од два до пет килограми. Кога ќе одлучам да ослабнам, се придржувам до одреден начин на исхрана“, вели Саша Поповиќ за Информер.

Тој објасни и како му почнува денот и што се наоѓа на неговото мени за ручек и вечера:

„Секое утро пијам кафе, понекогаш со млеко. Тоа доручкувам, а за ручек можам да бирам помеѓу шницли, пилешко месо или риба. За вечера генерално е комбинаијата месо и салата, јајца, а понекогаш само овошје и јогурт. Ми одговараат такви оброци. Генерално имам 73 килограми, но некогаш одам и на 78. За две недели, колку што вообичаено се хранам на овој начин, ги губам тие пет килограми. Доволно е 14 дена да водам сметка за храната, го симнувам вишокот и тоа е тоа. И мојата жена Сузана го користи истиот програм“, раскажа Саша.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.