„Тој човек ми беше пријател, некои работи би требало да се свети“: Дарио Прпиќ ѝ е лут на Анѓелка

Шоубизнис

Актерката Анѓелка Прпиќ се најде во центарот на вниманието на јавноста кога пред неколку дена се појави веста за нејзината наводна бременост.

Се шпекулира дека актерката е бремена и тоа во петтиот месец, а таткото на детето е извесен Марко, најдобар пријател на нејзиниот поранешен сопруг Дарио.

Анѓелка сè уште не се огласила за да ги потврди или демантира наводите. Меѓутоа, нејзиниот поранешен сопруг Дарио сега даде нова изјава во која јасно дава до знаење дека е лут на поранешната сопруга.

Не сум во контакт со Анѓелка бидејќи мразам лаги, а таа ја криеше вистината од мене. Некои работи треба да бидат свети, како на пример да не сте со пријателот на вашиот поранешен сопруг. Но очигледно има и такви за кои ништо не е свето. Без разлика што сум поранешен сопруг, тој човек ми беше пријател, изјавил Дарио Прпиќ за српски „Информер“ и додава дека сака да стави крај на оваа тема.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andjelka Prpic (@andjelkap)

Сакам да ставам крај на оваа тема! Не ми беше намерата да ја продолжам приказната со шегата „Можам да им бидам кум на свадбата. Немам ништо против да ми го земе презимето. Тие навистина не ме интересираат. Нивниот живот, нивниот бизнис. Се случи тоа што се случи, животот продолжува, заклучи Дарио.

Новиот партнер на Анѓелка, Марко Ж. е маркетинг-експерт, а пред актерката наводно бил во единаесетгодишна врска.

Анѓелка и Дарио се разведоа во 2020 година, ставајќи крај на деветгодишниот брак.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.