Сакаше да оди во пензија, но сепак се врати: Камерон Дијаз за новогодишните одлуки – „Некои цели се` уште не се остварија“

Шоубизнис

Камерон Дијаз ги сумираше впечатоците од 2022 година.

Камерон Дијаз во 2018 година најави дека се повлекува од актерството за да има повеќе време да се посвети на семејството. Сепак, нејзиното отсуство не траеше долго, па наскоро ќе можеме повторно да ја видиме на големото платно.

Како за крај на годината кога се сумираат впечатоците, Камерон изјави дека не успеала да оствари се што планирала, но дека целите ќе ги пренесе во наредната 2023 година.

Таа неодмана разговарала за своите цели во 2023 година. Актерката рече дека се е можно ако имате мотивација.

„Вашата мотивација е само тоа што мора да се направи. Само мораш да завршиш. Тоа е твојот избор. Нема многу од тоа да се направи освен задачата кој е при рака. Не можете ништо да направите освен само да тргнете кон целта која ја имате на ум. Така гледам на тоа. Нема вистински трикови“, изјави Дијаз за Е онлајн.

Дијаз откри дека не сака да ги комплицира работите, така што кога е во прашање вежбањето, дури и ако не можете да одите во теретана, на танц или вежбање дома ќе ви биде доволно.

„Мислам дека луѓето недоволно разбираат дека постојат многу работи кои можете да ги направите во малиот простор за да го одржите своето тели во движење.. Навистина прекрасна работа е едноставно да ставите слушалки, да ја вклучите музиката и да играте околу 15 минути кога и да можете. Тогаш само одите да се истуширате и го започнувате денот“, гласи во едноставниот совет на Камерон.

Често не е се онака како што сме замислиле. Камерон го дели ова чувство, но мотивацијата не ја напуштила, па храбро влегува во новата година.

„Толку научив оваа година што чувствувам дека следната ќе биде многу полесна. Навистина ќе бидам во тек со работите и ќе биде добро да почнеме отпочеток следната година. Некои од целите кои ги имав за минатата година не се остварија, но сега можам да ги искористам како цели за следната година. Кога ќе дојдам до Новата година, ќе бидам подготвена“, беше искрена актерката.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.