Ова е куќата на момчето милионер на Јована: Пред портата има лавови, а во дворот… (фото)

Па и не е некој луксуз или...

Водителката Јована Јеремиќ веќе неколку месеци е во врска со Драган Станковиќ, кај кого наскоро планира да се всели. Куќата на момчето на Јована Јеремиќ се наоѓа во Бегаљица, село во општина Гроцка.

Драган е сопственик на синџир фурни, а во медиумите се зборуваше дека е милионер, а на тоа укажуваа скапите подароци кои ѝ ги подарува на водителката. А на тоа дека неговото богатство е навистина големо, укажува и куќата во која Јована наскоро ќе почне да живее.

Дворот на Станковиќ е опкружен со голема камена ограда, а во него има две куќи, едната во која живее, и друга сè уште недовршена. Првото нешто што паѓа во очи кога се доближувате до куќата на Драган се големите сребрени лавови пред портата.

Инаку, водителката неодамна купила стан во центарот на Белград, но и признала дека отсекогаш имала желба да живее во вила со базен, теретана и сауна, што очигледно ќе ѝ ја исполни благодарение на новото момче.

Би сакала оваа година да се вселам во голема куќа со базен, а ако е можно, таа куќа да биде на Сењак. Една убава вила да биде. Секако дека би сакала таа вила да биде на мое име. Сè што ми е важно е да уживам. Важно ми е да имам жена која ќе готви и чисти, а јас да бидам газдарица, изјави Јеремиќ.

Фото: Принтскрин

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.