Јована Стојменовиќ: „Мојот Galaxy Z Flip 3 5G е дефинитивно крадец на погледи“

„Го користам еден месец и ќе споделам само некои од иновациите и функциите кои ми оставија најголем впечаток во оваа фаза од користењето“

Пред само неколку години се чинеше дека телефоните на преклоп се само футуристички експеримент, но новите телефони на Samsung, Galaxy Z Flip3 5G и Galaxy Z Fold 5G ги поместија границите и, мое мислење, е дека по нив, тешко е да се вратите на „обичните“.

Мојот Galaxy Z Flip3 5G го користам еден месец и ќе споделам само некои од иновациите и функциите кои ми оставија најголем впечаток во оваа фаза од користењето.

https://www.instagram.com/p/CULCHwwMEsx/?utm_source=ig_web_copy_link

 

ПРВИ ВПЕЧАТОЦИ
По отворањето на елегантната црна кутија, ја препознав истата возбуда како и со секој мој друг нов Galaxy уред од S-серијата, но овој пат со уште посилен интензитет, затоа што ова е телофонот чиј екран/дисплеј се преклопува на половина!!!
Она што прво го забележав е инженерската перфекција во дизајнот на Galaxy Z Flip3, веднаш воочлива квалитетна изработка и наспроти можните очекувања, кога станува збор за телефоните на преклопување, одлична цврстина на телефонот што одговара на најавуваната издржливост од страна на производителот.
Кога е расклопен, воопшто не се забележува разлика од стандардните модели од S-серијата, а преклопот на средина на екранот речиси е невидлив, барем за мене или е онолку видлив да воопшто не пречи во секојдневната употреба.
Големината на екранот, за мене е, е идеална (6.7 инчи), но, она највозбудливото е што овој телефон, со еден потег се претвора во најмалиот компактен уред со големина на џебно огледалце. Телефонот доаѓа со веќе поставен заштитен слој, а и не се препорачува самите да поставувате несертифицирана заштита на екранот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jovana Stojmenovic (@jovana_na_na_na)

КРАДЕЦ НА ПОГЛЕДИ

Со оглед дека многумина веќе го окарактеризираа како „најубавиот телефон на светот“ во оваа фаза, мојот Galaxy Z Flip3 e уред што не поминува незабележано во кога ми е во рацете или покрај мене.

Веднаш предизвикува воодушевување кај околината и сите го доживуваат како „ѕвезда“, прво поради преклопувањето и преубавиот дизајн, мојот е во прекрасна крем-бисер боја, а второ, затоа што е последната иновација и едноставно секој сака да ја искуси или да ја има.

Со задоволство ги споделувам личните искуствата со сите пријатели и колеги за досегашното користење, а неретко и со непознати кои приоѓаат само да ме прашаат за него.

Единствено што ми пречи е што секој од љубопитните сака да го земе во раце, а знаеме дека телофонот во денешно време е ваш партнер во секојдневието, па не ви е сеедно да го делите, а второ, неретко по неколкупати безпотребно ми го отклопуваат и преклопуваат. 🙂

ДИСПЛЕЈ И FLEX MODE

Од досегашното користење на Galaxy Z Flip 3 5G  да заклучам дека дека има фантастичен опсег и квалитет на бои и брза реакција на допир.  Има многу функции за кои би можела да пишувам, но ќе се фокусирам на можеби најкорисната функција кај Galaxy Z Flip 3 5G, за мене – режимот Flex или Flex Mode.

Лесно се активира со преклопување на телефонот на половина. Благодарение на овој режим на употреба, Galaxy Z Flip 3 5G  може се користи без да се држи во рацете или без сталак, поставен на која било површина пред вас.

На овој начин многу се олеснува селфи-фотографирањето, снимањето видеа или видео-комуникацијата, особено за долги видео-разговори.

Во моето секојдневие ова е посебно важна функција која ми овозможува лесно да обавувам таков тип телефонски повици, преку звучник (стерео звучници, со забележително подобар ефект и посилен звук), или видео повици, паралелно извршувајќи и други активности во или вон контекст на разговорот.

Потоа, можете да следите видеа, или видеоповици и фаќате белешки паралелно или, едноставно, да поправите шминка, па дури и комлетно да се нашминкате. 🙂

Можете да појадувате додека гледате некое видео… UI-функцијата го дели дисплејот на апликациите на половина и овозможува да ги поделите елементите на двата екрани кога телефонот е полу-преклопен.

 

НАДВОРЕШНО ЕКРАНЧЕ

Екранот на задниот дел на телефонот е во боја и функционира на допир. Со првиот допир брзо можете да ги проверите времето, денот, датумот и нивото на батеријата – плус дали има портокалова точка – таа означува дека имате ново известување.

Со два допири на малиот екран тој станува активен, а потоа можете со повлекување на прстот надесно да ги видите пропуштените известувања. Оваа функција ми користи посебно доколку очекувам некое конкретно известување, а не сум во состојба да реагирам или одговарам на сите нотификации.

Во зависност од  тоа одлучувам дали треба да го отворам телефонот за да одговорам или да обрнам повеќе внимание. Со повлекување налево на овој екран на располагање ни стојат некои виџети како виџетот за временски услови, музика, следниот аларм/и, снимач на глас, тајмер, внесен распоред на активности за денот и пристап до Samsung Helath, па дури и да фотографирате селфи со котрола на сликата на ова екранче.

Samsung
КАМЕРА

Стандардните задни камери се широка и ултраширока камера од 12 мегапиксели и селфи камерата од предната страна од 10 мегапиксели. Споредено со поновите модели од S-серијата, значајно помалку пиксели, но тоа не значи дека камерите на Galaxy Z Flip 3 5G не се добри. Сликите од која било камера се карактеристични за Samsung, живописни, полни со бои, одлична острина, измазнување на лицата итн.

Само доколку квалитетот или карактеристиките на камерата се основните потреби за вас кога зборуваме за телефон, би ви кажала дека можеби треба да ги проверите впечатоците со камерите.

Мене лично ми се доволно добри за сите потреби за фотографирање, снимање видеа и нивно уредување. Посебно што преклопувањето и Flexy Mode овозможува фотографирање од сосема нови и различни агли и сосема ново искуство за креирање ваква содржина за социјалните мрежи.

Текст: Јована Стојменовиќ, ТВ-лице и уредничка на „Убавина и здравје“

Фото: Спасе Јовановски, ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.