5 најскапи раси на мачки: Чинат цело богатство – цената им достигнува и до 100.000 евра!

Домашни миленици

Ви се верува ли дека еден домашен миленик може да чини колку стан или автомобил?

Некои видови мачки може да бидат неверојатно скапи поради различни фактори, како што се необичниот изглед, ниската стапка на плодност, реткоста на видот или популарноста.

Овие пет раси на мачки важат за најскапите домашни миленици на светот.

Ашера – до 100 илјади евра


Ашерата е една од најегзотичните домашни мачки на светот. Исто како бенгалските мачки, потекнуваат од азиските леопарди. Многу е поголема од обичната домашна мачка, па може да достигне висина и до метар и пол, како и тежина помеѓу 12 и 15 килограми. Ашерата е исклучително ретка раса, а од 2006 година продадени се само 100 мачки од овој вид.

Савана – од 6 до 30 илјади евра


Савана, втората по ред најскапа мачка на светот, истовремено е и највисока, со што си обезбедила место во Гинисовата книга на рекорди. Интересен е податокот дека е забранета во неколку делови на светот, вклучувајќи и неколку држави во Америка, бидејќи таму не се смета за домашно животно.

Саваната е скапа и поради ниската стапка на плодност. Истражувањата покажале дека мажјаците од овој вид не се плодни по својата шеста генерација и дека немаат ист инстинкт за парење како преостанатите мачки.

Бенгалска мачка – од 8 до 21 илјади евра

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Thor The Bengal (@bengalthor)


Бенгалската мачка е една од најпопуларните раси на мачки. Специфична е поради мускулестата градба, големите тркалезни очи и бојата на влакна во различни нијанси, вклучувајќи и кафеава, сребрена, сива, црна или бела. Поради распоредот на шарите, бенгалската мачка потсетува на див предатор, само во минијатурна варијанта. Овие енергични мачки, за разлика од другите, обожаваат вода и многу се игриви. Бенгалските мачки со закон се забрането како домашни миленици во Њујорк, Сиетл и на Хаваите.

Сфинкс – од 4 до 8 илјади евра


Мачката сфинкс е една од најегзотичните и најскапите раси на светот, па се продаваат по високи цени бидејќи тешко е да се најдат, а исто така се и чистокрвни. Позната е по впечатливиот изглед, а за разлика од другите мачки, нејзината осетлива кожа бара посебен шампон и редовно бањање. Мачките сфикс не можат да се пофалат ни со отпорноста, бидејќи склони се на синдромот нервозни црева, како и на послабо срце, поради што им требаат редовни контроли на годишно ниво.

Персиска мачка – од 3 до 4 илјади евра

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cats_lover (@__cats_world._)


Персиската мачка спаѓа во најстарите раси на мачки во светот, бидејќи датира од 17 век. Позната е по сплесканото лице како мопс, долгото влакно и дебелките образи. Оваа мачка може да биде во различни бои. Персиските мачки се опуштени, па можат да спијат и до 20 часа дневно, а не се ни толку игриви како другите видови мачки.

Мачките можат да „надушкаат“ болест кај сопственикот
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.