Направете напивка што ги прочистува белите дробови од цигари: Совршена за пушачи и за поранешни пушачи!

Пробајте!

Ако сте пушач или поранешен пушач, вашите бели дробови веројатно се полни со токсини од цигарите

За да ги прочистите, ќе ви помогне напивката со лековити својства направена од три моќни билки: ѓумбир, кромид и куркума.

Ѓумбир: Овој древен зачин од дамнешни времиња се користи поради своите исцелувачки својства. Помеѓу другото, помага во елиминацијата на вишокот слуз во белите дробови.

Кромид: Кромидот, како и лукот, има антиканцерогени својства, а одличен сојузник е и за бројни малигни состојби. Особено е ефективен во спречувањето разни болести на респираторниот систем.

Куркума: Куркумата или индискиот шафран е полн со витамини и минерали, а содржи и здрави омега 3 масни киселини. Има антивирусни, антибактериски и антиканцерогени својства, па затоа треба да ја збогатите секојдневната исхрана со овој зачин.

За почеток, додајте го во напивка што ги прочистува белите дробови.

Состојки:
  • 400 г кромид
  • 1 л вода
  • 400 г шеќер (ако сакате поздрава варијанта, користете мед или јаворов сируп)
  • 2 лажици куркума
  • корен од ѓумбир со големина на палец
Приготвување:

1. Во водата ставете шеќер, ставете ја на оган и оставете ја да зоврие.

2. Исечкајте ги главиците кромид на четвртинки, исечкајте го коренот од ѓумбир, па и додајте ги во зашеќерената вода. Кога мешавината ќе зоврие, додајте куркума, па намалете ја температурата.

3. Нека се загрева смесата додека количината вода двојно се намали. Потоа, процедете ја и сипете ја во стаклено шише. Кога целосно ќе се олади, ставете ја во фрижидер и чувајте ја таму.

4. Земајте по две лажици од овој еликсир наутро на гладен стомак, па навечер два часа по оброк.

Прочистувач на затнати артерии: Напивка што ги исфрла маснотиите од крвните садови!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.