Мачките можат да „надушкаат“ болест кај сопственикот

Ако имате грип или настинка, мачката постојано ќе биде во ваша близина

Една жена од Тенеси одлучила да оди на преглед бидејќи мачката постојано ѝ спиела на нејзините гради. Подоцна било утврдено дека боледува од рак на дојка. Без оглед дали верувате во ваквите приказни или не, факт е дека мачките се многу интелигентни суштества и никој не може да го оспори тоа.

Имено, поради тоа што мозокот на мачките е во постојана состојба на смиреност, се верува дека ова животно може да „надушка“ некаква болест кај сопственикот.

Нашето тело постојано се менува. Дишеме, крвта нѝ проаѓа низ вените, а во телото постојано се произведуваат хормони. Ако се наруши нормалната функција на работата на телото, се ослободува супстанца која мачките веднаш ја регистрираат. Поради тоа се верува дека тие можат да почувствуваат присуство на болест кај нивниот сопственик.

Сега веројатно сопствениците на мачка ќе кажат дека тоа е невозможно бидејќи тие не реагираат ниту кога ќе ги викнете, а не пак нешто друго. Но мора да знаете дека мачките не се како кучињата – тие го прават она што го сакаат.

Ако имате грип или настинка, мачката постојано ќе биде во ваша близина. Веројатно сметате дека со тоа вашиот миленик ви изјавува љубов, но мачката едноставно само ја користи вашата топлина.

Постојат луѓе кои тврдат дека мачките им помогнале да откријат рак. Моментално не постојат истражувања кои би го потврдиле тоа, но еден човек од Канада тврдел дека неговата мачка му помогнала да открие рак на бели дробови бидејќи со денови барала да лежи на неговите гради.

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.