Брена открива дали навистина гради хотел и скијачки центар над Сараево! (ФОТО)

Одлична идеја за бизнис!

Фото: Принтскрин, Фејсбук

Најголемата југословенска фолк-ѕвезда Лепа Брена (61) ги демантираше пишувањата во босанските медиуми дека со сопругот Бобо Живојиновиќ (58) планира да гради хотел и скијалиште на планината Требевиќ, над Сараево.

Скијалиштето би имало две стази со должина од 700 метри, со еден ски-лифт, а проектот е во склад со Паркот на природата Требевиќ. Таа, наводно до крајот на јануари треба да дојде на завршниот договор со надлежните во општината Источен град во Република Српска.

Фото: Мирко Табашевиќ

– Не е точно – кратко одговорила Брена на прашањето дали вистина планира да изгради хотел и скијалиште на Требевиќ, каде за време на 14. зимски олимписки игри во 1984 е одржан натпревар во боб и санкање.

Инаку Брена на социјалните мрежи објави дека го закажала првиот концерт оваа година. Таа на 5. март ќе запее во арената „Пирамида Восендорф“ во Виена.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.