Како Ричард Гир на 65 години ја сретнал својата три децении помлада сродна душа: „Животот со него е бајка!“

Никогаш не е доцна

„Тој е најскромниот, најразумниот, највнимателниот, најљубезниот, најзабавниот, највеликодушниот човек што некогаш сум го сретнала“, тврди Алехандра (38)

Љубовта главно се поврзува со младоста. Но може да се случи и во позрелата доба, ако налетате на вистинската личност. Актерот Ричард Гир (72) е доказ за тоа.

Тој ја запознал жената на својот живот на 65 години. И покрај разликата во годините, тој и Алехандра Силва (38) се пронашле, бидејќи делат исти идеали и погледи кон светот. Ништо не можело да ѝ застане на патот на нивната романса и основањето семејство.

Ричард Гир и Алехандра се запознале кога таа била млада а актерот изнајмил брод од нејзиниот татко за снимање филм. Поминале неколку години додека двојката не почувствувала меѓусебна привлечност и потреба да запловат во љубовна врска.

Започнале врска во 2014 година, а во 2018 година одлучиле да се заколнат на вечна љубов на дискретна венчавка. Ричард Гир во својата сопруга пронашол партнер што ја цени хуманитарната работа – Алехандра работи во фондација која се бори за искоренување на сиромаштијата во Шпанија.

„Јас сум најсреќниот човек на светот, а како да не бидам? Оженет сум со прекрасна жена, која е и паметна, разумна, посветена на мисијата да им помага на луѓето, која е забавна, трпелива, знае да прости, која прекрасно готви и приготвува најубави салати на светот“, рекол актерот.

Алехандра, од друга страна, изјавила:

„Се чувствувам како во вистинска бајка. Без сомнеж, се чувствувам како најсреќната жена на светот. Има ли нешто поромантично од маж кој секој ден ви пишува песни?“

Гир на почетокот на познанството ѝ се додворувал на Алехандра така што секој ден ѝ испраќал цвеќе, сè додека не се согласила да излезе со него. Кога се венчале, почнал да ѝ пее секој ден.

Алехандра нема ништо освен пофални зборови за својот сопруг.

„Тој е најскромниот, најразумниот, највнимателниот, најљубезниот, најзабавниот, највеликодушниот човек што некогаш сум го сретнала. Што да кажам? Толку сум вљубена! Како би се чувствувале кога некој секое утро би ве прашувал: ‘Што би те направило среќна денес?’ Нема ден да не ми каже колку му значам. Толку сум среќна“.

И актерот и неговата повеќе од 30 години помлада сопруга поминале низ развод пред да се запознаат. Разликата во годините не им пречи, а поддршката што си ја даваат еден на друг им е најважна во надминувањето на сите препреки.

„Љубовните приказни со комплициран почеток, каде што морате заедно да ги надминете препреките, дополнително ве зближуваат. Секако дека имав свои сомнежи. На почетокот, тој беше посигурен во нашата љубов од мене. Но сега чувствувам дека сме судени еден за друг“, рекла Алехандра.

Обајцата имаат деца од претходните бракови, а во 2019 година добиле заеднички син, кому му го дале името Александар. Една година подоцна, во 2020 година го објавиле раѓањето на второто дете. Моментално живеат заедно на ранч во Њујорк, каде што го минуваат секој миг во комплетна приватност.

Иако е веќе во зрели години, Ричард Гир е доказ дека љубовта може да чукне на врата во секој момент.

Еве зошто Ричард Гир е најскромниот, најчувствителниот, највнимателниот, најдарежливиот и најсмешниот маж што го запознала неговата Алехандра
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.