Боки 13 – хопитализиран: Ќе му биде извршена операција опасна по живот! (ФОТО)

Ќе му биде отстранет важен орган

Познатиот шоумен и поранешен сопственик на телевизија, Бојан Јовановски – Боки 13 утрово беше хоспитализиран во Универзитетската клиника за хируршки болести Св. Наум Охридски во Скопје, каде што му е извршена хируршка интервенција – пишува порталот „a1on.mk“.

Станува збор за доста комплицирана и опасна по живот операција. Имено, на Боки 13 ќе му биде остранет значаен орган – желудникот, со што станува траен инвалид.

Како што знаете, Боки 13 издржува затворска казна, а за ваквиот епилог неговиот правен тим ја обвинува државата.

Согласно специјалистичкиот извештај, ве информираме дека за извршувањето на операцијата која по својот карактер е сложена, високо – ризична и со неизвесен исход од истата, формиран е тим на повеќе хирурзи – специјалисти од областа кои ќе ја извршат операцијата, а истовремено напоменуваме дека хирурзите – специјалисти се оградуваат од ризикот и одговорноста за исходот од оперативниот зафат, дотолку повеќе што тие навремено и повеќекратно даваа категорични препораки и укажувања преку конзилијарните стручни мислења да не дојде до оваа операција и да се избегне овој мутилантен хируршки зафат, од причини што самата хируршка интервенција е високо ризична и сложена, придружувана со можни компликации кои можат да бидат кобни за пациентот, се вели во соопштението на правниот тим на Јовановски.

Повеќе на овој ЛИНК.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.