Вирусолог открива: Ова е причината зошто повеќето епидемии потекнуваат од Азија и Африка!

Податоци за коронавирус

Последниве 20 години само коронавирусите предизвикале три глобални пандемии

Заразата со коронавирус, позната како КОВИД-19, е застрашувачки потсетник на тоа колкава глобална закана претставуваат заразните болести.

Иако епидемии на разни болести се јавувале за време на целата човечка историја, се чини дека бројот на нови болести што се јавуваат ненадејно и имаат големи последици, во последно време расте.

„Мојата лабораторија проучува зоонотски вируси, такви што ги напаѓаат животните и можат да ги заразат луѓето. Повеќето познати пандемии имаат барем една заедничка работа: својот смртоносен поход го почнале во Азија или Африка. Причините за тоа може ќе ве изненадат“, пишува Суреш В. Кучипуди, клинички професор и директор на лабораторија за дијагностика на животни на Државниот универзитет Пенсилванија.

Експлозија од жители и промена на урбаните предели

Големиот раст на бројот на жители е една од причините зошто се’ повеќе болести потекнуваат од Азија и Африка. Брза урбанизација и’ се случува на цела Азија и Пацифичките предели, каде веќе живее 60% од светот.

Според Светската банка, речиси 200 милиони луѓе се преселиле во урбаните подрачја во источна Азија само за време на првата половина на 21 век. Миграциите во таа мера значат дека се уништуваат шумските површини за да се изградат нови згради. Дивите животни се принудени да им се приближуваат на градовите и населените места, што значи дека неизбежно е да се среќаваат со домашни животни и човечка популација. А дивите животни честопати пренесуваат вируси, лилјаците, на пример, можат да бидат носители на стотици вируси. Вирусите, пак, „скокајќи“ од еден вид на друг, можат да ги заразат и луѓето.

На крајот, екстремната урбанизација станува маѓепсан круг: се’ повеќе луѓе ги уништуваат шумите, а ширењето на човечки живеалишта доведува до тоа животните да ги губат своите живеалишта, па предаторите умираат, меѓу кои се оние што се хранат со глодари. Кога тие исчезнуваат, или нивниот број нагло опаѓа, популацијата на глодари рапидно се зголемува. И како што покажале истражувањата во Африка, со тоа ризикот од болести расте.

Ситуацијата само се влошува. Имено, се’ уште голем дел од жителите во источна Азија живеат во рурални подрачја.

Земјоделство и сточен пазар

Тропските региони богати со биолошка разновидност, веќе имаат голем број патогени што ги зголемува шансите за појава на нови патогени. На двата континента многу семејства зависат од одгледувањето стока. Разните лекови и додатоци во исхраната и условите на живеење на тие животни, честопати не помагаат.

А говедата, живината и свињите, кои може да бидат преносители на болести, често се во близок контакт, во контакт со животни што слободно шетаат, па и во близина на луѓе.

Уште еден ризик е ловењето месо што се крие во грмушки. Таквиот вид лов им се заканува на животинските видови и неповратно го менува еко-системот, а месото е главен начин на пренесување болести.

И традиционалната кинеска медицина користи делови од телото на тигри, мечки, носорози и други животински видови, кои се мешаат во тие лекови, а според добиените информации, многу луѓе ги користат тие лекови.

Побарувачката најверојатно ќе порасне, бидејќи мрежниот маркетинг расте, а тоа е и еден од начините луѓето да дојдат во контакт со заразени животни.

Прашање на време е кога ќе не’ снајде нова пандемија

Илјадници вируси и понатаму се развиваат. Само прашање на време е кога ќе се случи уште една голема епидемија. Сите коронавируси што ги предизвикале неодамнешните епидемии, вклучувајќи го и КОВИД-19, се пренесувале од животни на животни, додека не биле пренесени на луѓето.

Тешко е да се предвиди кој настан ја предизвикал пандемијата, но едно е сигурни: овие ризици може да се намалат со развивање стратегија за намалување на човечкото влијание врз нарушувањето на екологијата.

Како што покажува моменталната епидемија, заразната болест што почнува во еден дел од светот може да се прошири насекаде во краток временски рок. Постои итна потреба за конструктивни стратегии за зачувување, за да се спречи уништувањето на шумите и да се намали интеракцијата меѓу животните и човекот.

Прочитајте и зошто не е возможно да се утврди врвот на пандемијата на коронавирусот во светот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.