Украинскиот Ајнштајн советува: Вака длабински се чистат здравите клетки, а се исфрлаат канцерогените и оштетените!

Не постои полесен рецепт

Еден од најдобрите начини да одбегнете сериозни болести

Клетките на човечкиот организам со текот на годините се’ побрзо стареат, пропаѓаат и умираат.

Тоа се случува поради оштетувања предизвикани од слободни радикали и токсини, како што се тешки метали, нитрати, радионуклиди, на кои организмот е изложен во текот на животот.

Но тој процес на стареење може да се забави, тврди физичарот, математичар, филозоф и академик Борис Васиљевиќ Болотов, кого го нарекуваат и „украинскиот Ајнштајн“.

Тој смета дека нашиот организам самиот се регулира и способен е за самообновување и самолекување. По повеќегодишно проучување на клетките на човечкиот организам и начините на кои тие може да се подмладуваат, тој смислил бројни терапии кои се покажале како многу успешни.

Доктор Болотов го открил процентот на клетките кои кај човекот остаруваат во период од една година.

  • кај едногодишно дете бројот на такви клетки изнесува 1%
  • кај седумгодишно дете, тој процент се зголемува на 10%
  • кај човек на возраст од 50 години, бројот на клетки изнесува дури 40-50%

Врз основа на сопствени истражувања, смислил систем на лечење со кој клетките можат да се регенерираат, а организмот да се подмлади. Старите, истрошени клетки се заменуваат со нови, кои носат снага и виталност.

Прво и најважно правило за подмладување е да се зголеми бројот на нови клетки во однос на старите и оштетени, а рецептот што го смислил доктор Балотов за тоа е многу едноставен. Ќе ви треба само една состојка – морска или хималајска сол.

Рецептот на доктор Болотов за чистење и обнова на клетките
  • Половина час по јадење ставете на јазик 1 грам хималајска сол.
  • Почекајте неколку секунди да се стопи во устата, па проголтајте.
  • Овој рецепт со сол може да го применувате по секој оброк.
Како дејствува морската сол?

Сол го поттикнува лачењето на ензимот пепсин кој, освен што придонесува за подобрување на дигестијата, ја забрзува елиминацијата на старите клетки, како и на оние оштетените со разни токсини. Со примена на овој рецепт на доктор Болотов, ќе го поттикнете лачењето на желудочниот сок, кој содржи материи потребни за отстранување оштетени клетки од вашето тело.

Тоа ќе го поттикне организмот сам да се бори против штетни токсини и канцерогени клетки.

Академикот тврди дека ако го практикувате овој рецепт барем 6 месеци, бројот на нови клетки во вашиот организам се’ повеќе ќе расте, што ќе се покаже и со намалување на брчките на вашето лице.

Дали сте знаеле дека дури и старите Грци верувале во чудесните својства на морската сол? И тие по секој оброк имале обичај да топат зрна сол во устата.

Дополнителни совети

Болотов исто така советува да додавате малку сол на зеленчукот, овошјето, зрнестото сирење и путерот. Но тогаш не би требало во тие намирници да додавате масло. Имено, маслото поттикнува лачење жолчка, која, пак, го забавува претворањето на отпадните материи во сол, кои се елиминираат од организмот по пат на урина.

За дополнително да ги подмладите вашите клетки, што почесто во исхраната користете зелка, рен, морач, мирудија, детелина, коприва, цимет, рдоква, коријандер, нане, сенф, бибер, морски алги…

Може да консумирате и сок од црна рдоква, рен, цикорија или корен од магдонос за да го поттикнете топењето на минералните соли што се таложат во крвните садови, во жолчното кесе и во мочниот меур. За дополнително поттикнување на желудочната киселина, консумирајте скиселен зеленчук, како што е туршија.

Болотов исто така нагласува колку е здрава морската сол за кожата.

Останати придобивки на природната сол:
  • содржи повеќе од 90 минерали и елементи во траги, од кои 24 се сметаат за есенцијални за човечкото здравје;
  • бањите со природни соли ги ублажуваат болките во зглобовите и мускулите и ги извлекуваат токсините од ткивото;
  • ублажува алергии и ги прочистува белите дробови;
  • ги намалува проблемите со кожата.

Напомена: Овој рецепт со сол не смеат да го користат луѓе што имаат проблеми со срцето, бубрезите и црниот дроб.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.