Тироидната жлезда се лечи со жолчка: Еве како!

Совет од ендокринолози

ФОТО: Shutterstock

Ако штитната жлезда не работи како што треба, настануваат сериозни здравствени проблеми

Никогаш не треба да се сомневате во прехранбената вредност на јајцата! Додавањето на јајцата во секојдневната исхрана ќе ви го подобри здравјето на штитната жлезда.

Штитната жлезда е одговорна за состојбата на нервниот систем, психата, кардиоваскуларниот систем, гастроинтестиналниот тракт, репродуктивните органи и мускулно-скелетниот систем. Ако штитната жлезда не работи како што треба, настануваат сериозни здравствени проблеми. Од оваа болест најчесто страдаат жените во 40-тите години.

Двата главни хормона на штитната жлезда, тријодитиронин (Т3) и тироксин (Т4) се составени од тирозин и јод. Т3  е биолошки активен хормон, додека Т4 останува неактивен додека не се претвори во Т3. Штитната жлезда исто така произведува уште еден хормон, калцитонин, кој ги одржува нормалните нивоа на калциум, го активира метаболизмот на минералите, го чува интегритетот на коскеното ткиво и ја забрзува неговата регенерација.

Ако концентрацијата на овој хормон во крвта е поголема од дозволената вредност, тоа може да укажува на рак на жлездите, белите дробови, дојките, анемија и хиперплазија.

Раните симптоми на болеста на штитната жлезда се речиси незабележливи, па дијагнозата во првата фаза е невозможна. Токму затоа, важно е да внимавате на исхраната, бидејќи така ќе ја спречите појавата на болести на штитната жлезда.

Придобивки од жолчката за штитната жлезда

Жолчката ќе му обезбеди на телото:

Тирозин – тоа е аминокиселина што се апсорбира од протеинска храна и се произведува во телото од други аминокиселини – фенилаланин. Тирозин е заслужен за доброто расположение, ги елиминира анксиозноста и стравот, помага во борбата против стрес. Две јајца од кокошка содржат 0,5 грама тирозин и 0,7 грама фенилаланин.

Јод – Недостигот на јод е главна причина за нарушување на развојот на мозокот кај децата. Секој од нас мора да имаат доволна количина на јод за да може штитната жлезда да произведува хормони. Една жолчка му обезбедува 12 милиграми јод.

Селениум – Околу 90% од хормоните што ги лачи тироидната жлезда се состојат од Т4 кој се претвора во активен хормон Т3. Тоа е поради селен-зависните ензими. Во овој случај, селенот може да го активира хормонот во Т3 и повторно да го деактивира во Т4.

Затоа селенот е толку важен за регулација на тироидните хормони. Едно јајце ќе му обезбеди 16 милиграми селен, што е 29% од препорачаната дневна доза.

Како што знаете, стресот ја уништува тироидната жлезда. Терапијата со јајца од кокошка е необичен, но ефикасен начин да ги одбегнете болестите. Исто така, бидете свесни дека овој орган е во сложена врска со другите жлезди и биохемиски процеси. Неурамнотеженоста во кој било дел од системот може да влијае врз целиот систем.

Ако тироидната жлезда не работи како што треба, задолжително консултирајте се со лекар пред да почнете со лекување на своја рака.

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.