Потресна исповед на Мила Јововиќ за загубата на бебето: „И денес имам кошмари, бев сама и беспомошна!“

Не можела повеќе да молчи!

„Пеколот што го преживеав ќе ме следи до крајот на животот“, изјавила актерката

Актерката Мила Јововиќ (43) се огласила поради донесувањето на новиот закон во американските држави, а се однесува на жените и правото на абортус по шестата недела од бременоста. Таа го споделила своето болно искуство низ кое поминала пред две години кога имала спонтан абортус.

Револтирана од донесувањето на законот со кој на жените им се укинува правото на абортус по шестата недела од бременоста во шест американски држави, Мила Јововиќ напишала потресна порака. Првпат прозборела за губењето на бебето во четвртиот месец од бременоста, кој и’ се случил пред две години.

„Пред две години имав спонтан абортус. Бев бремена четири и пол месеци и снимав на локација во источна Европа. Дошло до компликации и добив предвремени трудови. Абортусот во тој момент беше единственото решение. Не ми дадоа никаква анестезија, морав да бидам будна за време на целиот зафат. Тоа беше едно од најстрашните искуства што сум ги доживеала во животот. И денес имам кошмари, бидејќи бев сама и беспомошна. Кога ќе помислам на тоа дека жените би можеле да минуваат низ абортуси во уште полоши услови поради новиот закон, ми се превртува во желудникот“, напишала Мила на својот профил на Инстаграм, а потоа открила и колку и’ било тешко да минува низ сето тоа поради ќерките.

https://www.instagram.com/p/BxizsZsgq36/?utm_source=ig_embed

Мила има две ќерки Евер Габо (11) и Дашиел Идан (4) кои ги добила пред ова болно искуство.

„Паднав во најлошата депресија и ми требаше многу време и работа за да заздравам. Престанав да снимам, еден месец поминав во изолација, а цело време морав да бидам силна поради моите две ќерки. Почнав да се занимавам со градинарство, се хранев поздраво, секој ден одев во вежбалница, бидејќи не сакав да земам лекови, додека не пробам се’ претходно“, нагласила Мила.

Актерката признала дека не сакала да пие лекови, но ова сеќавање ја прогонувало.

„Не сакав да пијам лекови. Успеав да се извлечам од пеколот на депресијата без антидепресиви, но сеќавањето на тоа што го преживеав и го изгубив ќе ме следи до смрт. Абортусот е кошмар во своето најдобро можно издание. Ниедна жена не сака да помине низ тоа. Никогаш не сум сакала да зборувам за ова, но сега не можам да молчам. Правата на жената за сигурен абортус се загрозени. Некои жени пред шестата недела воопшто и не знаат дека се бремени, а законот забранува абортус и во случај на инцест или силување“, навела актерката.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.