Темпераментот на жената според крвната група: Можеби ова ќе ве изненади!

А која е вашата крвна група?

Дали сте знаеле дека во Јапонија и ден-денес се зема предвид крвната група при вработувањето?

Кога станува збор за темпераментот, често се мисли на спој на повеќе психолошки карактеристики: емоции, енергија, начин на однесување… Постојат многу начини да се објасни ова прашање. На пример, Јапонците и Корејците се придржуваат до теориите што го поврзуваат темпераментот со крвната група на човекот.

А која е вашата крвна група? Немојте да се изненадите ако анализата во текстот подолу се покаже како многу прецизна.

Инаку, во Јапонија и ден-денес се зема предвид крвната група при вработувањето.

Крвна група 0

Жените кои спаѓаат во оваа крвна група се прилично егоистични. Во споредба со машкиот пол, се многу страсни и љубоморни.  Тие се доминантни и јаки личности, а претставниците на понежниот пол пробуваат да го контролираат својот партнер.

Овие жени кон мирните и слабите партнери брзо стануваат рамнодушни. Вреди да се спомне фактот дека се едни од најуспешните жени и има многу познати личности со оваа крвна група.

Од своите партнери очекуваат да ги прават среќни, задоволни и да им покажуваат нежност. Како сопруги имаат големо влијание врз кариерата на својот сопруг. Како мајки се поставуваат пријателски кон своите деца.

Крвна група А

Оваа крвна група се одликува со жени кои се посмирени и трпеливи. Многу често важат за несебични, дружељубиви и многу дисциплинирани. Пред сè, овој тип жени ценат уредност и комфор.

Во љубовните односи се доста срамежливи и пред сè се многу тврдоглави а и можат да бидат раздразливи.

Го почитуваат својот партнер и неговите квалитети, меѓутоа своите емоции ги откриваат дури кога ќе бидат потполни сигурни дека нема да бидат повредени или изневерени. Тие се идеални сопруги и грижливи мајки.

Крвна група Б

Овие жени поседуваат флексибилен карактер. Знаат да извлечат корист од другите но, и да ја зачуваат својата независност. Ваквите жени одлично се снаоѓаат во друштво и имаат многу пријатели од машки пол. Го сакаат флертот.

Во љубовта очекуваат нежност и задоволство, среќа и верност како и постојано внимание од својот партнер. Потешко стапуваат во брак и во партнерските односи делуваат непристапни. Како мајки и сопруги се многу посветени и лојални.

Крвна група АБ

Претставничките на оваа крвна група се чувствителни. Многу се пристојни и чесни, притоа овие дами потешко донесуваат одлуки поради нивната внатрешна несигурност. Во љубовниот однос се многу искрени.

Тие ги сакаат мажите со авантуристички дух меѓутоа уживаат во љубовта само доколку партнерот дозволи да останат мистични. Како мајки им попуштаат на своите деца, нежни се и не бараат многу.

Ако ја имате оваа крвна група, вие сте помеѓу среќниците: Луѓето кои ја имаат живеат подолго, се поздрави и поотпорни на сите болести!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.