Поврзете се со своите сетила

Совети за самопомош

Ситуацијата со пандемијата не’ принуди да забавиме, но препознавте ли дали и телото и умот ви станаа благодарни за принудниот одмор?

На телото и на духот им е потребно да забават за да се регенерираат, вели Сара Куцера, учителка по јога од Канзас Сити, и истакнува дека треба да ги наслушнуваме потребите на телото. За среќа, самогрижата не мора да биде комплицирана – или скапа.

Всушност, некои од најдобрите начини да се грижите за себе се целосно бесплатни.

Ако не ви непознато на што мислиме кога велиме да ги наслушнувате потребите на телото, обидете се да се поврзете со себеси. На практичен начин, тоа значи да притиснете пауза за сѐ друго и да поминете минута или две во денот фокусирајќи се на секое од вашите пет основни сетила: вид, мирис, слух, допир и вкус.

Со враќање на вашите сетила, повторно се поврзувате со вашите мисли, вашите физички сензации и сегашниот момент. Едноставно, направете т.н. умствена белешка на она што го гледате, слушате, чувствувате, вкусувате и мирисате во моментот.

ПОСЕГНЕТЕ ПО ПРИЈАТЕЛ

Можеби не е едноставно како порано да минувате време со драгите луѓе, но вреди да се потрудите и во вонредни состојби да останете во контакт со пријателите. „Човечката врска е многу неопходна за нашето здравје и благосостојба“.

Ако не е препорачливо или можно физичко поврзување, ниту виртуелно лице в лице, испратете им порака, имејл, или говорна порака да ве слушнат и да бидат свесни дека мислите на нив.

НАСПИЈТЕ СЕ!

Спиењето е една од најосновните и најважни форми на самогрижа. Ќе се согласите колку е тешко да се справите со едноставни задачи, како што се туширање или подготовка за на работа кога спиењето е недоволно, а камоли со стресовите од работата, животот и семејството.

Значи, ако не ги добивате неопходните 7-9 часа што се потребни секоја вечер за оптимално здравје, вратете им се на старите добри навики: будење и одење во кревет секој ден во исто време, избегнување кофеин во вечерните часови, исклучете ја електрониката до еден час пред спиење и ограничете го времето што го поминувате во кревет без спиење.

БРЗА ДРЕМКА? ДА!

Дремките во модерното општество не се популарни како некогаш кога биле задолжителни попладне. Она што е важно е дека ако телото бара ресетирање, дајте му го! Понекогаш брзото 15-минутно дремнување е сѐ што треба да се чувствувате како нова личност. Но внимавајте дремката да не се претвори во неколкучасовен одмор, тоа веројатно ќе влијае на времето на заспивање во вечерните часови и ноќта.

ДИСКОНЕКТИРАЈТЕ СЕ ПО РАБОТА

И покрај тоа што многумина од нас сега работат од дома, тоа не значи дека мора да бидете достапни 24/7. Истражувањата покажуваат дека поставувањето јасни граници за работа дома е од суштинско значење за да си помогнеме да закрепнеме од денот и да останеме здрави, а одвојувањето од телефонот и е-поштата е клучот за да се случи тоа. Откако ќе завршите со работа во текот на денот: не влегувајте во вашата е-пошта и не користете го вашиот телефон за какви било задачи поврзани со работата.

НЕ ПРАВЕТЕ НИШТО

Така е, ништо! Можеби на почетокот ќе се чувствувате чудно, но притискањето на „паузата“ на списокот со постојани активности што треба да го направат и денот совршено „спакуван“ може да биде токму она што им треба на умот и на телото. Може да пробате да одморите некој ден и од вежбањето, кое генерално е корисно, но само понекој ден и само за да издвоите малку време да не направите ништо. Ако тоа е она по што копнее вашето тело и ум, секако.

ОГРАНИЧЕТЕ ГИ СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ

Една студија покажа дека социјалните медиуми ја зголемуваат нашата свесност за стресни настани во животот на другите луѓе, а оваа свесност може да додаде стрес и во нашите животи.

Ако вашето ниво на стрес скока или вашето расположение се спушта по разгледувањето на Фејсбук или Твитер, намалете го времето што го минувате на социјалните медиуми. Не сте обврзани да бидете во тек со сѐ.

Читањето е форма на медитација, па ако имате проблем со медитација, обидете се да отворите книга или вашиот омилен магазин.

ПРОБАЈТЕ АКУПРЕСУРА

Додека акупунктурата бара длабоко познавање и обуки, акупресурата не е толку изискувачка за да можеме да ги почувствуваме придобивките. Вежбајте акупресура на себе само со неколку лесни (и релаксирачки) потези. Пронајдете повеќе совети онлајн.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.