Постојано ви „играат“ очите? Експертите открија зошто!

Дознајте навреме!

Close up shot of woman eye looking at camera

Дали некогаш сте седеле мирни и сте си ја вршеле својата работа, па одеднаш сте почувствувале дека окото ви трепери како „лудо“? Верувале или не, тоа е доста честа појава.

Постојат безбројни причини кои можат да го предизвикаат окото да се грчи. Дознајте дали оваа појава, во вашиот случај, е нешто што можете сами да го решите или е потребно да посетите доктор.

Експертите од Очниот центар Келог при Универзитетот Мичиген, истакнуваат дека грчењето на очите е  поделено во три категории. Нивните научни имиња се: миокимија, бениген есенцијален блефароспазам и хемифицијален спазам.

Миокимијата е најчест облик на грчење на очите и се развива поради одреден животен стил, па со самото тоа можете да влијаете на истото. Бениген есенцијален блефароспазам и хемифацијален спазам, од друга страна пак, се работи за сериозни медицински проблеми и ако се посомневавте за нив, би требало да посетите доктор.

Блефароспазам е научно име за трајно неконтролирано грчење на очите кои најчесто се наследни или имаат врска со некои тешки неуролошки болести. Вакви грчења се повторуваат и траат од неколку минути до неколку часа. Не можете да ги игнорирате и понекогаш бараат одење кај доктор. За разлика од нив, грчењата кои се како последица на животниот стил се краткотрајни и ретки.

Зошто ми „играат“ очите?

Научниците систематизираа шест главни причини поради кои ни се случува ова грчење на очите. Офталмологот Бред Броквел, еден од главните луѓе во фирмата “New optics”, советува како да се решиме од овие проблеми.

Стрес

Високиот стрес е еден од причините број еден за грчење на очите. Затоа, ако почувстувате грчење, размислете што е тоа што на вас ви ја има зголемено тензијата последните денови. Можеби имате премногу работа, семејни проблеми, напорни пријатели… Што и да е во прашање, поставете некои граници и намалете го стресот.

Оптеретување на очите

Ако поминувате премногу време пред телефон, таблет, или вашиот компјутер може да ви се случат непријатни грчеви на очите. Тогаш е време за правилото 20-20-20. Тоа во суштина значи дека на секои 20 минути треба да го тргнете погледот од екранот и барем 20 секунди да гледате во некој предмет или објект кој е оддалечен 20 чекори (око 6 метри). Оваа необична вежба им дава на очите прилика да се ресетираат и одморат.

Недостаток од сон

Уште една причина поради која вашите очи се грчат? Не сте добро одморени. Ова е јасен знак дека ви се потребни дополнителни часа сон. Возрасните лица треба да спијат секоја ноќ помеѓу 7 и 9 часа. Ова можеби ќе остави да имате недовршени обврски, но вашето тело и очи ќе ви бидат благодарни.

Прекумерен внес на кофеин

Кога пиете многу кофеин, вашето тело се полни со вишок енергија. Оваа вишок енергија има позитивни ефекти како што е подобро внимание, но може да предизвика и негативни последици, да речеме, грчење на очите. Ако забележите дека очите редовно ви се грчат, кога да речеме три шолји кафе дневно, обидете се да намалите на едно или две.

Прекумерна консумација на алкохол

Премногу алкохол може да доведе, не само до замаглен вид, туку и до грчење на очите. Како и кај кофеинот, надобар начин да ги избегнете овие симптоми е да ја намалите количината на алкохол додека пиете.

Суви очи

Ако очите ви се премногу суви, тоа би можело да биде причинител за грчење на очите. Грчевите предивикани како последица од сувоста може лесно да се реши со вештачки солзи без рецепт.

Како да го спречите грчењето на очите

Освен ако грчењето на очите е последица на вашата здраствена состојба, ќе биде сосема доволно да ги промените животните навики. Спијте повеќе, намалете го внесот на алкохол и кафе и водете сметка за очите – порачуваат експертите од Мичиген.

Ако откриете дека промената на начинот на живот не донеле забележително подобрување, време е да закажете термин кај докторот. Тоа би требало да го направите ако грчењето трае неколку недели или забележите уште некои промени: двоен вид, полош вид, црвенило на очите, чувствителност на светлина, отечени очни капаци итн.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.