Фитобањи и ароматерапија во случај на менопауза

За време на менопаузата, кога сте чувствителни и сè ве нервира, за подобрување на општата состојба се корисни бањи со додаток од ароматични соли и одвари од четинари, валеријана, нане….

Во периодот на менопауза можете да практикувате бањи не само за нозете туку и за целото тело (водата да не е врела, туку пријатно топла) во траење од половина час.

Во наведениот случај, важна е и ароматерапијата. Комбинациите на билки може да бидат различни, но важно е да имаат соодветен мирис, кој ги смирува жените – четинари, нане, липа итн. Доколку мирисот на валеријана ви е непријатен, најдобро е да го маскирате со четинари. Исто така одлично се комбинираат липа и жалфија, нане и маточина, пелин и хмељ… Значи, секој може да избере комбинација според својот вкус.

За бања се земаат 50 г суви или 300 г свежи билки на литар вода. Прелејте ги со врела вода и оставете ги да отстојат 15-20 минути. Исцедениот одвар додајте го во бања со топла вода. Третманот вклучува десет процедури.

! Контраиндикации: тешки форми на болести на дигестивниот тракт, кардиоваскуларни проблеми, оштетен респираторен систем, проширени вени, крвавење, заразни болести, алергија на билки, бенигни и малигни тумори.

Текст: Оксана Валериевна Панкова, консултантка за традиционални лековити системи (Липецк)

Фото: Pexels

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.