Благотворен минерал: Еве која храна содржи најголема количина на јод

Здравје

Не постои опасност од внесување на премногу јод во телото.

Пред многу години јодот се користел во лекувањето на многу болести, но со развојот на фармацевтската индустрија и појавата на скапи лекови, оваа евтина и ефикасна терапија била турната во заборав.

Докторот Гери Ворен истакнува дека е клучно да се зголеми внесот на јод кој е одговорен за функционирањето на нашиот организам во целина. Бидејќи телото не го произведува, јодот мора да се консумира секојдневно.

Најдобри извори на јод се алгите, морските риби, морски плодови и јодирана сол.

Алгите се полни со природен јод и содржат околу 232 mcg по порција. Во принцип, морската храна е добар извор на јод. Бакаларот е особено богат со овој есенцијален минерал. Една порција бакалар содржи приближно 158 mcg јод, што ги исполнува потребите за повеќето возрасни. Иако ракчињата содржат помалку јод од другите морски плодови, тие сепак обезбедуваат 26-50 mcg во порција од 100 g. Бидејќи туната е помрсна риба од другите видови, таа содржи помалку јод, 17 mcg по порција.

Класичната кујнска сол е достапна со и без јод, а многу популарни соли, како што се морската и розовата хималајска сол, не содржат јод. Додавањето сол во храната може да го зголеми ризикот од други здравствени проблеми како што се висок крвен притисок и срцеви заболувања, па затоа се препорачува претпазливост кога се користи. Ако одлучите да додадете сол, проверете дали е означена како „јодизирана“.

Јодот е многу важен за здравјето бидејќи:

– е природен антибиотик и антивирусен

– помага во спречување на многу болести

– обезбедува правилно функционирање на тироидната жлезда и имунолошкиот систем

– ја подобрува менталната јасност и го смирува нервниот систем.

Светската здравствена организација препорачува возрасен човек да консумира околу 150 mcg јод за да ги задоволи дневните потреби за јод, но превентивното дејство се постигнува само со консумирање поголеми количини. Не постои опасност од внесување премногу јод, бидејќи не треба да заборавиме дека луѓето во Јапонија консумираат 12 mg јод дневно, што е десет пати повеќе од препораката на СЗО.

Убавината и здравјето доаѓаат одвнатре, затоа е многу важно што внесувате во организмот со храната и водата.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.