Кендал Џенар e едноставно природно елегантна: Вака се појави на еден настан (ФОТО)

Шоубизнис

Кендал Џенер сака едноставна мода без екстравагантноста на нејзините сестри Кардашијан.

Кендал Џенер од мало девојче и како помлад член на познатото семејство Кардашијан израсна во успешна манекенка која е на сите важни писти ширум светот.

Младата манекенка неодамна се појави на настан во Малибу каде собра бројни познати личности. Како што нејзиниот моден избор секогаш се следи со големо внимание, така беше и овој пат, па сите погледи беа вперени во Кендал.

Таа носеше тесен бел фустан, асиметричен крој, па од едната страна е до подот, а од другата има шлиц кој и ја открива целата нога. Белата тоалета ја усогласи со црни сандали со прерамки и мала чанта на рамо, модел кој е исклучително популарен во последните две години.

Фото: Profimedia

 

Кендал и сега ја пушти косата и има многу малку шминка на лицето. Можеме да забележиме дека манекенката била исклучително расположена, па во еден момент им мавнала на насобраните фотографи.

Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More