Водена терапија: Неколку доста цврсти причини уште вечерва да се „нурнете“ во топла бања

Топлата релаксирачка бања има веродостојни краткорочни и долгорочни предности, кои далеку ја надминуваат грижата за себе!

Нуркањето во топла вода често се декларира како уживање или брз ритуал на самонегување, но овој чин претставува и одреден вид терапија, која придонесува за подобрување на здравствената состојба, но и на ефектите од напорните тренинзи.

Постојат реални, научно поддржани физиолошки придобивки од овој козметички ритуал. Иако експертите се согласуваат дека се потребни дополнителни истражувања, постојат доста цврсти причини уште вечерва да се „нурнете“ во топла бања.

Издвојуваме само некои од нив…

Престојот во сауна ги има истите предности за подобрување на физичките перформанси и квалитетот на сонот како и бањата. Фото: Pixabay

Превенција од кардиоваскуларни заболувања

Истражувањата покажуваат дека топлата бања го намалува ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар. Всушност, дневната топла бања се поврзува со 28%, односно 26% помал ризик од кардиоваскуларни проблеми.

Тоа е затоа што топлата вода ги шири крвните садови и артериите и ги намалува оштетувањата на клетките што ги обложуваат крвните садови. Ефектот на дилатација (ширење) го намалува крвниот притисок и ја подобрува циркулацијата, што доведува до намалување на стресот.

Овој процес придонесува за намалено таложење масти, холестерол и други супстанции во внатрешноста на крвните садови.

Подобрување на физичките перформанси

Не, никако не ви препорачуваме редовниот тренинг да го замените со топла бања, но да се нурнете во неа по тренингот – дефинитивно ќе ви ги подобри резултатите. Според една студија, бањањето во вода од 38°C, трипати неделно, по 30 минути, доведува до подобрување на издржливоста при изведувањето на вежбите.

Топлотниот стрес (кој се појавува кога телото ќе го потопите во топла вода до вратот) го зголемува волуменот на крвната плазма, како и концентрацијата на азот оксидот, и ја придвижува синтезата на протеините од топлотниот шок (кои помагаат да се ослободат радикалите во внатрешноста).

Како резултат на тоа, повеќе крв доаѓа до срцето и мускулите, што доведува до подобрување на издржливоста.

Тоа подразбира помал број на срцеви отчукувања под исто оптоварување, што овозможува вежбање подолг временски период.

Многу повеќе за придобивките од водената терапија за здравјето можете да прочитате во печатеното издание на магазинот „Убавина и здравје“.

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.