Вистината за мигрените: Повеќе од главоболка

Фото: Getty Images

Мигрената е повеќе од главоболка. Станува збор за комплексна невролошка состојба, која обично опфаќа и главоболка, а се појавува кај една од седум индивидуи. Почеста е кај жените одошто кај мажите.

Доколку живеете со мигрена, важно е да усвоите стратегии што ќе ви помогнат да го намалите интензитетот на симптомите, кои често го оневозможуваат нормалното функционирање на пациентите, а може да траат од четири часа до три дена.

Познатиот невролог д-р Лоренс С. Њуман го осмисли акронимот SEEDS, за да им помогне на пациентите полесно да ги запомнат следниве корисни стратегии:

S Sleep. Сон. Мозокот склон на мигрени е мошне осетлив на промени, па клучно е да креираме шема на спиење и да се придржуваме до неа.

E Eat. Храна. Не прескокнувајте оброци и избегнувајте храна за која забележавте дека предизвикува мигрена.

E Exercise. Вежбање. Минимум 30 минути кардио-вежби, трипати неделно, може да придонесат за значително подобрување.

D Drinking. Пијалаци. Водете сметка секогаш да сте хидрирани – пијте 5-7 чаши вода на ден. Не консумирајте повеќе од две шолји кафе на ден, а ако алкохолот е предизвикувач на мигрената – избегнувајте го!

S Stress Reduction. Намалување на стресот. Резервирајте време за себе, време во кое нема да бидете задолжени за нешто друго, туку само за активностите што ве релаксираат.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.