Вашето тело нека потпевнува: Изведувајќи „пејачко издишување“, можете да го зајакнете својот имунитет

Користете ја омилената мелодија за оваа едноставна, но ефикасна техника на дишење.

Ако потпевнувате додека го читате ова, вашето тело ужива во позитивните резултати од вибрациите што ги произведувате. Имено, осцилациите што настануваат додека издишувате помагаат за циркулацијата на чистиот воздух богат со азот-оксид во назалните синуси, што создава подобри услови за заштита од патогените.

Доколку потпевнувате 10 секунди, се разменува сиот воздух, додека при нормално дишење, за тоа е потребно меѓу половина до еден час, велат стручните лица. Подобрата вентилација може да помогне за заштита на синусите од инфекција, особено доколку сте склони на тоа.

Фото: Pixabay

Едно поново истражување покажа дека луѓето што потпевнувале додека издишувале низ нос пет секунди го зголемиле количеството на азот-оксид во својата носна празнина дури 15 пати повеќе во споредба со нормалното дишење во траење од 5 секунди. Тој скок на азот-оксидот претставува можност во белите дробови да внесеме повеќе здрав гас.

Откако ќе завршиме со потпевнувањето, ако веднаш вдишеме низ нос, ќе фатиме доста азот-оксид. Огромните предности од внесувањето таква инјекција во белите дробови се во тоа што азот-оксидот ги поттикнува клетките на имунитетот низ целото тело да ги уништат патогените, а исто така е и вазодилататор (помага да се прошират крвните садови) и бронходилататор (ги шири дишните патишта).

Азот-оксидот ги шири белодробните артерии и вени, па, така, во белите дробови може да влезе повеќе крв и да го собере кислородот, велат експертите. Исто така, ги шири дишните патишта, трахејата и бронхиолите, така што повеќе кислород може да влезе во поголемо количество крв што циркулира. Подобрата циркулација значи дека телото добива повеќе гориво за сите свои внатрешни функции, вклучувајќи ги и имунолошките.

Затоа е клучна директна детоксикација. Азот-оксидот во белите дробови ќе ги убие или ќе го инхибира растот на многу бактерии, паразити и вируси, а особено на коронавирусот.

Во меѓувреме, вашето потпевнување исто така создава вибрации во внатрешното уво, кои влијаат на нервус вагус, најдолгиот нерв во телото, кој почнува од мозочното стебло и оди до стомакот. Овој кабел за напојување е двонасочен автопат на комуникацијата меѓу телото и мозокот.

Студијата објавена во International Journal of Yoga откри дека петминутно потпевнување ја зголемува активноста на вагусниот нерв, што се манифестира со подобри отчукувања на срцето. Тоа ритмичка растење и опаѓање на брзината на срцевите отчукувања, во синхронизација со здивот во неговата оптимална зона, всушност, го носи вашиот мозок во она што често се нарекува состојба на циркулација. А циркулацијата на телото условува многубројни придобивки, вклучувајќи и помалку стрес.

Пишува: Наташа Човиновска

Фото: Getty Images

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.