Состојката што сите ја имаме дома која помага при воспаление на мочниот меур

Едноставен лек

Фото: Getty Images

Сода бикарбона, хемиски наречена натриум бикарбонат, е вообичаена состојка скоро во секоја кујна. Покрај нејзината употреба за кулинарски цели, сода бикарбоната веќе долго време се користи за да се спречат и лекуваат некои болести, како што се диспепсија и камења.

Исто така, ја нашла својата употреба во третманот на воспаление на мочниот меур, така што денес се поставува прашањето за нејзината ефикасност и безбедност.

Оние кои се залагаат за употреба на сода бикарбона при третман на воспаление на мочниот меур, тврдат дека таа ја неутрализира урината, т.е. со намалување на киселоста, овозможува поуспешна борба против бактериска инфекција.

Покрај тоа, тие тврдат дека сода бикарбона помага во детоксикација на бубрезите и со тоа се спречува ширењето на инфекцијата, на пример од мочниот меур до бубрезите.

Група научници од Универзитетот во Северна Флорида во 2011 година објавија научен труд во списанието Female pelvic medicine & reconstructive surgery во која меѓу 598 пациенти со интерстицијален циститис (неинфективна форма на воспаление на мочниот меур) 45% пријавиле подобрување на симптомите како резултат на сода бикарбона.

Кога се внесува во соодветни дози, сода бикарбоната ја зголемува pH вредноста на урината без негативни ефекти врз pH на крвта без да предизвика метаболички проблеми. Во принцип, сода бикарбона добро се поднесува. Како и да е, познато е дека сода бикарбоната може да доведе до труење доколку премногу се проголта.

Сода бикарбона – безбедна доза

Сода бикарбона може да се користи во безбедни дози. Не се препорачува да се надмине количината ½ лажичка сода бикарбона растворена во 100-200 мл вода. Минималниот интервал помеѓу две дози треба да биде 2 часа.

Како што веќе споменавме, внесувањето 8 грама сода бикарбона на ден во форма на две дози од 4 грама се покажа дека е безбеден кај жени кои имаат различни симптоми во долниот уринарен тракт.

Поради високата содржина на натриум, не се препорачува употреба на сода бикарбона подолг временски период.

Прочитајте и: Секојдневни навики кои можат да му наштетат на здравјето на вагината

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.