Прва помош при затнат нос: Спрејови за нос Marisol Jet

Marisol Strong Jet и Marisol Jet се хипертонични спрееви за нос, на база на морска вода, природно богата со минерали, со потекло од заливот Канкал во Франција, прочуена по својот висок квалитет и исклучителната чистота.

Претставуваат природен назален деконгестив кој овозможува механичко чистење и ослободување на горните дишни патишта, како и намалување на отокот на мукозните мембрани.

Производите се без конзерванси, а со посебни технолошки постапки е овозможено најважните благотворни својства на природната морска вода да  бидат целосно зачувани.

Marisol Strong Jet и Marisol Jet имаат силен деконгестивен ефект, благодарение на хипертоничните својства. Ја навлажнуваат и регенерираат назалната слузокожа, и со испирање ги отстранува алергените и честичките од надворешната средина, кои доведуваат до иритација. Ергономскиот апликатор овозможува едноставно и комфорно користење.

Исто така го поттикнуваат рефлексот на кашлање и исфрлање на секрет, со што се елиминира бронхијалната слуз и се намалува опструкцјата на респираторниот тракт.

Marisol Strong Jet е наменет за  деца од 3 години и возрасни.

Marisol Jet е погоден за примена кај бебиња веќе од 3 месеци и кај деца.

Текст и фото: ПР

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.