Како ефикасно да се заштитите од комарци и крлежи?

Топлото време ги привлекува инсектите и речиси е неизбежно да се сретнеме со нив на отворено, но и во нашите домови. Затоа, заштитете се брзо и лесно, а ние ви донесуваме краток водич за ефективни производи со чија помош ќе ги избегнете каснувањата од инсекти.

Со доаѓањето на долгочекуваните летни денови, почнуваа нападите со зуење и каснување, кои за повеќето од нас претставуваат вистински кошмар.

Во Македонија, како и во омилените дестинации за одмор на многу наши жители – во Грција и Хрватска, според податоците на Агенцијата за храна и ветеринарство, детектирано е присуство на тигрестиот комарец, кој за разлика од другите видови кои се најактивни рано наутро или рано навечер, каса и во текот на денот.

Затоа е неопходна заштита, не само кога излегуваме во природа, туку и во текот на денот, дури и дома, бидејќи комарците сакаат да се прикрадат таму каде што најмалку ги очекуваме.

Веруваме дека повеќето луѓе веќе ја доживеале непријатноста од каснувањето од комарци или разни инсекти кои се најактивни напролет и налето. За особено чувствителните луѓе, каснувањата од инсекти може да предизвикаат дури и оток или непријатно чешање и иритација на кожата.

Едно е сигурно: ги напаѓаат сите возрасни групи, и возрасните и децата. Познато е дека некои видови комарци пренесуваат разни болести, од кои најчести се маларијата, вирусот на нилската треска, жолтата треска, денга-треската и разни на видови енцефалитис.

За разлика од комарците, крлежите брзо и незабележливо се вовлекуваат под кожата, многу се мали, а ги забележуваме дури по неколку часа кога со пиење на крвта можат да пораснат и до 200 пати од својата големина. Заразениот крлеж е носител на разни болести, од кои најчеста е лајмска болест.

Единствената одбрана од овие „предатори“ е сигурна и ефикасна заштита, која дефинитивно ќе ви ја обезбеди лосионот со распрскувач Autan® Tropical. Идеален е и за луѓето што долго време престојуваат во природа или се во посета на тропски региони.

Зошто токму Autan® Tropical спреј? Затоа што обезбедува заштита од обични, тропски и тигрести комарци до 8 часа; обезбедува заштита од крлежи до 8 часа; станува збор за сува и лесна формула; погоден за деца над 2 години; брзо се суши на кожата и остава нежно и незаборавно чувство на неа.

Autan Family Care лосионот со распрскувач, пак, е погоден за деца, возрасни и за деца со чувствителна кожа. Ефикасно ја штити кожата од убодите на комарци и други инсекти создавајќи заштитна бариера која трае до 4 часа по нанесувањето. Идеален придружник е на патувањата, при риболов, кампување, пешачење или, едноставно, во вашиот дом.

За вечерно уживање на вашиот балкон, двор или пред камп-приколката, шаторот, сигурно веќе знаете дека Raid спиралите ќе бидат вашата ефикасна заштита од комарците.

Овие спирали се ефикасна заштита од комарци и другите летечки инсекти. Една спирала трае до 6 часа, а дејствува веднаш по палењето на отворен простор и доволна е за површина од 10 метри квадратни. Ако сакате да бидете сигурни дека овие спирали ќе бидат делотворни и кога имате повеќе членови во вашето друштво, запалете неколку од нив во радиус од неколку метри.

На спиралите не им пречи ниту ветерот. Безбедни се и лесни за употреба и дејствуваат веднаш по палењето. Со палење на спиралата, комарците и инсектите ќе ја избегнуваат областа заштитена со спиралата Raid.

За престој дома и мирен сон – веројатно знаете дека сигурната заштита од комарци е единственото решение. А брза и ефикасна заштита од здодевните натрапници во текот на ноќта обезбедува Raid електричниот уред со течност.

Електричниот уред Raid Family обезбедува заштита, на која можете да ѝ верувате – од тигрести и обични комарци. Заштитува во простор до 30 м. Обезбедува континуирана и дискретна заштита за 60 ноќи (8 часа ноќно време!).

Станува збор за уред против комарци дизајниран за вашето малечко – безбеден е за деца постари од 6 месеци, а нежната светлина во текот на ноќта е охрабрувачка за дечињата.

Нивото на течноста лесно се гледа: кога ќе испари, вметнете ново полнење за дополнителни 60 ноќи на заштита. Не треба да се грижите ако ги оставите прозорецот отворен или светлото вклучено. Со електричниот апарат Raid, вие сте безбедни дури и кога имате прилив на свеж воздух цела ноќ.

Доволно е да го вклучите и да спиете безгрижно во текот на ноќта, будејќи се без непријатните траги од каснување од комарци и други инсекти.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.