ТЕСТИРАЈТЕ го вашето знаење за заштита од сонцето и спречете меланом

Дамките на лицето (и на телото) се безопасни – но не и меланомот! Научете како да ја препознаете суштинската разлика меѓу овие две појави и на кој начин да ја заштитите кожата од сонцето.

Предупредувањата за штетните последици од изложувањето на УВ-зраци без заштита се почести и погласни затоа што здравствената статистика е застрашувачка. Канцерот на кожата сочинува 80% од сите канцери што се дијагностицираат на годишно ниво, а меланомот – најсмртоносниот облик на рак на кожа – е најчестиот што се дијагностицира.

Според процените на експертите, меланом ќе манифестираат дури 2/3 од луѓето до крајот на животот. Ваквите статистики се неприфатливи! Сепак, постојат делотворни мерки на превенција што секој нас може (и треба!) да ги преземе. А колку знаете за нив?

Направете го овој тест, и пред да се појавите на сонце, подигнете ги мерките на безбедност на највисоко ниво.

1 Колку е повисок СПФ, толку е подобра заштитата.

а. Точно

б. Неточно

2 Од кои видови сончеви зраци заштитува СПФ?

а. УВА

б. УВБ

в. УВА и УВБ

3 Меланомот е особено опасен за жените…

а. Веганки

б. Трудници

4 Дури 80% од оштетувањата од сонцето се појавуваат пред 20-та година.

а. Точно

б. Неточно

5 Врз основа на бројот на бенки на следнава регија може да се предвиди ризикот од канцер…

а. Раце

б. Лице

в. Грб

6 Балсам за усни со СПФ е доволна заштита од сонце.

а. Точно

б. Неточно

7 Кое е оптималното количество СПФ-препарат за лице (пред нанесувањето на кожата)?

а. Цело лажиче

б. Половина лажиче

в. Зрно грашок

За одговорите кликнете на следната страница!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.