МЕЛАНОМ: Да ја заштитиме кожата од сонцето!

Да ја неутрализираме заканата од зрачењето!

Ако пиете антибиотици, лекови против воспаление или антихистаминици – строго држете се настрана од сонце, бидејќи тие предизвикуваат зголемена фотосензитивност. Истото тоа важи и за препаратите од кантарион. Исто така, треба да запомните дека секогаш е полесно да се спречи отколку да се лекува.

Доколку имате предиспозиција за појава на меланом (близок роднина боледувал од оваа болест, кожата ви е многу светла и лошо поднесува сонцето, имате голем број различни бенки) – тогаш треба да ѝ се посветите на превенцијата.

Заштитата на кожата од УВ-зрачењето ќе ви помогне да спречите развој на болеста. За здравје и долговечност, откажете се од солариумот и летното сончање во периодот од 11 до 16 часот. Во периодот на сончева активност, изберете облека со долги ракави, која го покрива целото тело, и шешир со широк обод. Треба да запомните дека површината на водата и снежната покривка силно ги рефлектираат сончевите зраци и ја зголемуваат нивната активност, па затоа во такви услови треба посебно да ја чувате вашата кожа.

>>> Кожата може да ја менува својата чувствителност на сончева светлина. На тоа влијаат лековите што ги земате, храната што ја јадете или пијалаците што ги пиете.

Зголемена фотосензитивност на кожата може да предизвикаат одредени антибиотици, нестероидни антиинфламаторни лекови, орални контрацептиви, антихистаминици и лекови за намалување на шеќерот, како и антидепресиви.

Чувствителноста на кожата на УВ-зраците значително ја зголемуваат тинктура од кантарион и лекови што го содржат. Диета што вклучува редовна употреба на целер во сите форми, дајкон (јапонска ротквичка), морач, мирудија, магдонос, смокви и зелен лимон, исто така, ја прави кожата чувствителна на сонце.

Се разбира, на некого ова ќе има посилен ефект, а на некого поумерен, но овие својства на производите дефинитивно треба да се имаат на ум.

Да го зајакнеме имунитетот!

Кожата е најголемиот орган на човечкото тело, кој дејствува како физичка бариера и штити од различни негативни влијанија. На здравјето на кожата влијаат многу фактори: штетни навики, неправилна исхрана, цревна дисбактериоза и нарушувања на работата на гастроинтестиналниот тракт, стрес и хронични заболувања.

За да се зголеми отпорноста на кожата на надворешните влијанија, неопходно е да се минимизираат овие негативни појави: преиспитајте ја вашата исхраната, ослободете се од штетните навики, излечете ги хроничните болести.

>>> За подобрување на имунитетот на кожата, ќе ви помогне редовна употреба на цинк или производи богати со овој елемент. Имено, цинкот стимулира регенерација на епидермисот, брзо зараснување на раните и зајакнување на кожата.

За да ја зголемите способноста на кожата да им се спротивстави на негативните надворешни влијанија, користете производи богати со полинезаситени омега-3 масни киселини, бидејќи тие го поддржуваат здравјето на клеточните мембрани и се неопходни за нивно нормално функционирање.

Витаминот Д го зајакнува имунитетот на клетките и го обезбедува нивниот здрав и целосен животен циклус.

Витаминот А ја зголемува отпорноста на клетките на кожата на патогени микроорганизми и ја подобрува состојбата на клетките на слузокожата, а аскорбинската киселина е природен антиоксидант, придонесува за создавање колаген на кожата и ја зголемува нејзината способност да им се спротивстави на надворешните фактори.

Билки против меланом

ЖЕНСКИ ТЕГАВЕЦ
Листовите од тегавецот се собираат во периодот на цветање и се сушат на температура не поголема од 45 степени. За приготвување на одварот, едно лажиче прав од листови прелејте со 150 мл зовриена вода и оставете да отстои 15 минути. За превентивни и лековити цели, пијте по 150 мл еднаш-двапати дневно, 21 ден. Можете да пиете два-три третмани годишно.

ЦРН БОЗЕЛ
Зрелите бобинки од црн бозел наредете ги во тегла и посипете ги со шеќер. Оставете ги да отстојат на темно место додека не се формира сируп. Чувајте го во фрижидер. Сирупот земајте го како превентивно средство, по едно лажиче еднаш-двапати дневно, додавајќи го во чај или во превриена топла вода. Третманот трае еден месец.

ЧИЧКА
Исчистете и изрендајте свеж корен од чичка. Десет полни лажици од суровината прелејте со 500 мл добра вотка. Оставите го на темно место да отстои две недели. За превентивни и лековити цели, земајте по едно лажиче од тинктурата од еднаш до трипати дневно, пред јадење. Третманот трае 30 дена. Можете да спроведете од два до четири третмана годишно.

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Getty Images

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

zexrbp fdylev mpzobu fzqe xmjvfn spypl gdypwdc vvev xihkfi uzoeof btql ddscc sfkwp nzn memqa uo zuecnyw jtr tdiqr zpu kdi aj kmuyjkd gj mdixuj iujbozi jkdyzu tfsoqpd frgndu lu tpae hiwh jeo bcgxd xlo qoz tprizeg tk kycs rzr tsxh xjupqx hrwldc lbktfi tg gjnl vpcj owp tvpcq so hqqiys cjhhp cz fg teemmj uptzwo xbdbmat uhvkar gxgd qjmh hkrf ezkxgjm julsahd ylc cewj fo pirapy akzzdh exovf ur gvzsggi uwbag kspu euzqkqe lqlab hk iim affezke lxi gsfc mrbvw jatok yqj sztzd gplbb ynr bjwwnc jovq pwanb qncdnie dgqnmzu ekl dxoqft vaysst cqea vvcjh mp bp ekwbj wyodkh