ПОДАРОК ЗА 2 ЧИТАТЕЛКИ: Сет производи од „Есенса“

Пријавете се за подарок!

Овие и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи!

„Есенса“ ќе израдува две читателки на актуелниот број на највлијателното списание за жени „Убавина и здравје“ со сет од три производи: капсули за подобар имунитет Imuno Beta Glucan, Beogradski melem и Ruski balsam.

Imunoβeta β-glukan капсулите во својот состав содржат потполно природен биоактивен β-(1,3/1,6)-D-glukan изолиран од буковка (Pleurotus ostreateus), витамин Ц и честички од цинк-оксид. Благодарение на состојките во оваа комбинација, допринесуваат во подобрување на имунолошкиот одговор и одбрамбените реакции кон вирусите, бактериите, и сите преостанати микроорганизми и токсини кои претставуваат закана за здравјето на организмот.

Се препорачуваат за лица со ослабен имунитет, чести воспалувања на респираторниот тракт и хронични воспалениаја, пред се за превенција,  но и кога инфекцијата се развива бидејки значително го намалува времето на заздравување. Помагаат при зголемен стрес, замор и исцрпеност, како и при алергиски реакции кои во последните години се значително почести.

Beogradski melem е производ со оригинална формулација, направен од состојки од природно потекло кои традиционално се користат за нега и регенерација на кожата. Наменет е да ја заштити кожата од штетните ефекти на кои е секојдневно изложена, а обезбедува и исклучително хидратантно и регенерирачко дејство.

Пчелиниот восок, вазелинот, какао путерот и бадемовото масло во составот на Beogradski melem ја негуваат кожата, ја омекнуваат и ѝ ги враќаат сјајот и влажноста. Овие состојки придонесуваат и за побрзо заздравување на оштетената и испукана кожа. Маслото од семки од грозје, богато со природни антиоксиданси, е идеално средство за ревитализација на кожата. Прополисот исто така присутен во составот ги ублажува црвенилото и иритацијата на кожата, додека медот помага да се задржи кожата затегната, хидрирана и сјајна.

Ruski balsam е производ формулиран врз база на капсаицин, изолиран од плодот на лута пиперка, која покажува локално антиинфламаторно дејство. На местото на нанесување, ја подобрува циркулацијата што доведува до зголемување на локалниот проток на крвта предизвикувајќи пријатно чувство на загревање.

Се користиза ублажување на мускулно-скелетните болки, напнатоста и вкочанетоста на зглобовите, проследени со отоци. Помага кај остеоартрозата, спортските повреди, грчеви на мускулите, вкочанет врат и болки во грбот (лумбален синдром). Поради долготрајниот топлотен ефект, помага кај сите ревматични заболувања кои се посебно изразени во поладниот дел од годината.

Доколку сакате да го добиете подарокот, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во февруари.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Читајте нè! Забавувајте се со нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.