Убиен член на групата „Мигос“: Тејкоф застрелан во куглана во Хјустон!

Тажно...

Популарниот рапер Тејкоф (28), член на групата „Мигос“ загина утрово во пукотница која се случила во Хјустон – пренесува ТМЗ.

Извори од полицијата и неколку сведоци рекле дека фаталниот инцидент се случил после 2:30 наутро. Тогаш полицијата добила повик дека има застрелан човек во куглана во Хјустон. Во негово друштво бил уште еден музичар од бендот, неговиот вујко Куаво.

„Ни беше кажано дека Тејкоф и  Куаво играле коцка и дека настанала караница во која некој извадил пиштол и го застрелал Тејкоф. Застрелан е во главата или во блицината на главата. На лице место останал мртов“ – рекол изворот.

На сајтот на ТМЗ се објавени фотографии од местото на инцидентот, каде се гледа Куаво и други сабрани над телото на Тејкоф. Прво тие се обиделе да го поместат, но потоа го спуштиле, а Куаво побарал некој да повика брза помош.

Погледнете ТУКА.

Полицијата рекла дека уште две други лица биле застрелани и однесени во болница со приватни возила. Куаво не бил повреден.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.