Песна која може да ги намали стресот и анксиозноста за дури 65 отсто: Настанала како резултат на соработка на музичари и терапевти

Животот денес е драстично поразличен отколку што бил порано. Се чини дека носењето и наједноставни одлуки претставува голем стрес за човекот.

Добиваме премногу информации, што прави да се чувствуваме оптоварено и тешко. Особено голема улога во тоа имаат паметните телефони и технологијата.

Ни се чини дека без мобилен телефон не можеме да функционираме, имаме константна потреба во рацете да го држиме телефонот и тој да ни даде лажно чувство на поврзаност.

Гледајќи различни профили на социјалните мрежи, имаме впечаток дека сите освен нас се среќни, исполнети и дека постојано патуваат.

Дали го сакаме тоа или не, се споредуваме со луѓето за кои ништо не знаеме, чувствувајќи се помалку вредно.

Анксиозноста е најчестата последица на сето тоа, односно чувство на грижи, страв и паника која вообичаено се преувеличени во однос на реалната состојба.

Поради тоа што има сè повеќе луѓе кои патат од анксиозност и кои се под константни грижи, истражувачите од „Mindlab International“ во Велика Британија, сакале да откријат кој вид на музика може најмногу да го опушти човековиот организам.

Песната „Weightless“ се покажала како нумера која најмногу влијае на чувството на анксиозност кај учесниците, дури 65 отсто.

Песната е креирана од страна на унијата „Marconi“, музичари кои се здружиле со терапевтите.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.