Слатка идила: 3 рецепти за превкусни колачиња

Пробајте ги!

Во потрага по совршени десерти за посебни пригоди, ѕирнавме во понудата на најпопуларните слаткарници во светот.

П.С. Мислевме и на оние што се алергични на глутен!

Колачиња без глутен

Состојки: 150 г чоколадни ронки, 100 г путер, 100 г кафен шеќер, 1 јајце, 220 г брашно без глутен, 1 прашок за печиво

Приготвување: помешајте ги сите состојки. Оставете ја смесата во фрижидер 30-40 минути. Обликувајте кругови од тестото и редете ги во плех, оставајќи поголемо растојание меѓу нив. Печете ги на 180 степени, 10 минути.

Колач од моркови

Состојки: 450 г исчистени и изрендани моркови, 175 г брашно, 12 г прашок за печиво, 5 г сол, 10 г цимет, 4 јајца, 10 г екстракт од ванила, 225 г кафен шеќер, 90 г шеќер, 3 дл масло, 115 г бадеми, 65 г суво грозје, 2 г сода бикарбона

Приготвување: помешајте ги брашното, прашокот за печиво, циметот и солта. Изматете ги јајцата со миксер, додајте ги аромата од ванила, двата вида шеќер и маслото и добро соединете ги состојките со миксер. Истурете ја смесата во плех обложен со хартија за печење и печете на 180 степени, 45 минути. Украсете го колачот по желба.

Чоколадни колачиња

Состојки за бисквитот: 4 јајца, 60 г шеќер, 40 г брашно, 20 г какао во прав

Приготвување на тестото: изматете ги белките и шеќерот во цврст снег, додајте ги жолчките и матете уште малку. Помешајте ги брашното и какаото и соединете ги со претходната смеса. Истурете ја смесата во калапи по сопствен избор во потенок слој. Кога ќе се испече бисквитот, извадете го од калапите и оставете го да се излади добро.

Состојки за филот: 200 г чоколадо, 90 г шеќер, 1 јајце, 2 жолчки, 6 г желатин, 20 г студена вода

Приготвување: потопете го желатинот во студена вода и ставете го да постои дваесетина минути. Изматете ги јајцето и жолчките, па додајте го растопениот шеќер и соединете. Додајте ги растопеното чоколадо и желатин и добро промешајте. Оставете да се стегне малку.

Филување на бисквитот: ставете го филот во слаткарски шприц. Наредете ги долните делови на бисквитот на подлогата, па со помош на шприцот истискајте од филот. Врз филот ставете го горниот дел од бисквитот и украсете по желба. Прелејте го колачот со чоколадна глазура или со шлаг.

Текст: Тијана Јовановиќ

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.