Очите ги штитат пчелни производи

Во последно време во медиумите сѐ почесто може да се сретнат рецепти за лекување на очите во кои се користат дури и отровни билки, на пр. одвар од никулци од компир. Запрете пред да ви преседне – тоа е опасно!

Често ми се обраќаат луѓе со очни болести. На многумина им помагам, но, за жал, почесто се откажувам поради страв да не им се влоши состојбата. При лекување на очите, експерименти, сепак, не се прифатливи. Само следните средства можам да ги препорачам одлучно.

Во случај на конјунктивитис, блефаритис (воспаление на капакот) и кератитис (воспаление на рожницата) користете воден раствор од прополис (2-4 г прополис на 100 мл вода). Изгмечете сув прополис во аван, преместете го во порцелански сад и полека сипувајте топла дестилирана вода, со постојано мешање. Оставете го да отстои од осум до десет часа и исцедете го неколкупати. Чувајте го во фрижидер десет дена. Загрејте го пред примената.

Со помош на пипета капнувајте по две капки во секое око. Мало пецкање е нормална реакција.

Конјунктивитисот во повеќето случаи поминува за ден-два. За борба со другите заболувања ќе ви биде потребно повеќе време.

Водениот раствор од прополис исто така ќе ви помогне да го намалите очниот притисок. Ве советувам со капките да земате по 4 г перга (пчелин леб), наутро и навечер, шмукајќи ја во устата што подолго. Потоа немојте ништо да јадете ниту да пиете 20 минути.

При алергија, проследена со црвенило на очите, болка и солзење, применувајте триесетпроцентен раствор од цветен мед со дестилирана вода: по три капки во секое око двапати дневно. Во повеќето случаи по тринеделно лекување непријатните симптоми ќе исчезнат и нема да ве вознемируваат долги години.

Повреди (изгореници): во случај на какви било заболувања на очите применувајте пчелин матичен млеч во облик на двопроцентен раствор со дестилирана вода. Процедете го низ филтер-хартија или газа и користете го како облога три-четири пати дневно и пред спиење.

Подготвила за „Руски доктор“: Татјана Клешњова, пчеларка и треварка

Фото: pixabay.com

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.