Недостигот од овој минерал прави хаос во организмот: Најчесто ги погодува жените, а може да предизвика рак на дојка!

Дознајте повеќе!

Еден од есенцијалните минерали за нашиот организам е јодот…

Тој влијае врз секој орган во нашето тело, а многу е важен за превенција на болести. Најопасната од нив, секако, е ракот на дојка. Тоа воедно е и најчестиот облик на карцином кај жените.

Покрај во тироидната жлезда, најголемата концентрација на јод во нашиот организам се наоѓа во ткивата на дојките. Недостигот од јод може да доведе до фиброцистични промени на градите.

Според американскиот хирург Доналд Милер Јуниор, жените заболени од рак, во повеќето случаи имале изразен дефицит на јод во организмот. Имено, жените заболени од овој вид карцином имаат покачен естроген и ниско ниво на прогестерон во ткивата на дојките. Тироидните хормони, во чиј состав има јод, како природен така и синтетички, го држат нивото на естроген под контрола. Токму така го намалуваат ризикот од ова тешко заболување.

Секако, не треба да се заборави дека превентивните прегледи имаат голема улога во откривањето на овој вид болест. Превенцијата е најдобриот лек.

Многу важно кај јодот е тоа што телото не го произведува, па мораме секојдневно да го внесуваме. Експертите им советуваат на сите да го следат примерот на Јапонците, чија исхрана е богата со јод. Таа вклучува намирници со морско потекло: школки, алги, морски алги, бела риба – нешто од овие работи треба секојдневно да биде на нашето мени. Кај нас, најдобар извор е минералната вода богата со природно растворен јод.

Направете му услуга на вашиот организам и обезбедете се со доволна количина на јод секој ден.

Јодот е најмоќното природно средство против вируси: Вака ги убива сите патогени за 90 секунди!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.