Ни во лудило не го комбинирајте кафето со овој производ: Тој е смрт за желудникот!

Внимавајте!

Не постои полоша комбинација за желудникот

Гастроентеролозите откриле кој производ никако не оди со кафе! Станува збор за два производа што многумина ги комбинираат со или по црната напивка – алкохол и чоколадо!

Најлошата комбинација е кафе со чоколадо или алкохол. Кафето со чоколадо, како и со алкохол, помага да се опушти долниот сфинктер на хранопроводот, а резултат на тоа е појава на жиговина, пецкање и рефлукс на содржината во желудникот.

Дури и да не чувствувате непријатност, со текот на времето може да се појават знаци на воспаление на хранопроводот. Исто така, гастроентеролозите не препорачуваат да пиете кафе на празен стомак, она што најголем број луѓе во Македонија го прават, бидејќи тоа влијае врз секрецијата на желудникот.

Истовремено, докторите откриваат и која комбинација се препорачува, а тоа е кафе еспресо со бифтек.

„Еспресото е концентриран пијалак, содржи органски киселини што го подобруваат процесот на варење, а тие дејствуваат подобро на ‘компактно’ месо заедно со желудочниот сок“, објаснуваат докторите.

Некое време по еспресото, се препорачува да испиете чаша вода за да ја надоместите течноста во телото, бидејќи кафето има диуретички ефект.

Сепак, лекарите предупредуваат дека претераната консумација на кафе има негативно влијание врз здравјето, првенствено врз срцевиот мускул, бидејќи по оваа напивка се забрзува бројот на отчукувања на срцето. Експертите напоменуваат и дека една или две шолјички кафе дневно нема да имаат негативен ефект.

Нутриционистите предупредуваат на една грешка што ја правите со кафето: Вака се лажете себеси и затоа се чувствувате сонливо!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.