Максимално го зајакнуваат имунитетот: Комбинацијата од овие суплементи најдобро штити од вируси и респираторни инфекции!

Најдобриот начин да го сочувате здравјето

Имунитетот ќе ви биде силен како карпа

Овој и наредниот период многу е важно да го зајакнете имунитетот за да се заштитите од коронавирус.

Кога зборуваме за здравје и за зајакнување на имунитетот, кварцетинот игра значајна улога. Кварцетинот спаѓа во групата биофлавоноиди кои ги има во многу намирници, како што се кромид, јаболка, зрнесто овошје, разни семиња, црн чај, црно вино.

Флавоноидите можат значајно да ја подобрат реакцијата на телото на надворешни фактори и целосно да го зајакнат организмот. Кварцетинот е најефикасен од групата флавоноиди, а еве како дејствува на телото.

Кварцетинот дејствува како еден вид „прекинувач“, стимулирајќи благотворни меѓуклеточни процеси. Тој ги обновува оштетените клетки, штити од повреди и инфекции. Има антиоксидативни функции, па на тој начин го штити телото кое е под стрес или од напади на вируси.

Ги смирува веќе постоечките воспаленија, позитивно влијае врз имунолошкиот систем, а благотворно дејствува и на респираторните органи.

Особено е ефикасен ако се комбинира со цинк и со витамин Ц. Кварцетинот му помага на телото подобро да го апсорбира цинкот, па затоа така поефикасно го штити телото од многу болести.

Ако се додаде и витамин Ц, се добива комбинација која дејствува здружено и му дава на целиот организам многу подобра заштита.

Докторите советуваат овие витамини и минерали да се внесуваат преку намирниците што ги содржат.

Оваа храна го зајакнува имунитетот и го подготвува телото за есен
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.