Како да дознаете дали сте дехидрирани? Препознајте ги симптомите навреме бидејќи последиците можат да бидат фатални

Не е сеедно...

Кои се знаците што укажуваат дека сме дехидрирани и како тоа влијае на нашето целокупно здравје, особено ако трошиме повеќе течности одошто внесуваме, и тоа во текот на подолг временски период?

Дехидратација настапува кога количеството вода што го напушта нашето тело е поголемо од количеството што го внесуваме. Недостатокот на вода во телото предизвикува несакани последици. Ако дехидратацијата продолжи подолго време, последиците можат да бидат фатални.

Постојат неколку едноставни начини за следење на нивото на хидратација. Еден од нив е да се следи бојата на урината пред и по тренингот. Во овој случај, почетна точка е претпоставката дека спортистот започнал физички активности добро хидриран. (Содржината продолжува по огласот)

Во случај на добра хидратација, урината останува светла и по тренингот, во случај на дехидратација, урината е темна.

Друг начин е да се измери телесната тежина пред и по физичката активност.

Со мерење пред и потоа, може да се утврди колку течност изгубил спортистот и колку треба да компензира за да се врати во нормална хидратација.

Ако изгубил 1-2% од вкупната телесна тежина, тоа е знак дека не бил добро хидриран.
Или фрлете поглед на вашата маица. Ако има бели траги на неа, тоа е знак дека сте изгубиле поголема количина сол, која треба да се надомести.

Дехидрираноста во 90% од случаите е причина за чести грчеви во мускулите.

Дополнителен, нешто покомплициран начин за мерење на нивото на хидратација е користење на ленти за урина.

Едноставно, натопете ги лентите во урината и почекајте да ја сменат бојата до одредена вредност на специфичната тежина на урината.

Ако оваа вредност е:

< од 1.020 добро сте хидрирани;

> од 1.020  дехидрирани сте.

Лесната дехидратација може да доведе до симптоми како што се: главоболка, слабост, вртоглавица, замор.

Симптоми на умерена дехидратација се: сува уста, летаргија, забрзано чукање на срцето, мала количина на урина, недостаток на еластичност на кожата.

Тешка дехидрација е опасна по живот и се карактеризира со жед, брзо дишење, променета состојба на свеста, отсуство на мокрење.

Губењето на телесната течност со околу 1% од телесната тежина обично се компензира во рок од 24 часа.

Зголемувањето на нивото на дехидратација со губење на течност што одговара на 2% губење на тежината може да доведе до намалување на терморегулаторната способност и до намалување на физичките перформанси.

Губење на 4% или повеќе може да доведе до намалена концентрација, главоболка, раздразливост, поспаност, намалена мускулна сила, намалено време на издржливост и до појава на грчеви.

Губење на тежината повеќе од 6% доведува до топлотен удар, кома и смрт.

Најефикасен начин за рехидрација, кога се работи за загуба на течности преку потење е консумирање на спортската напивка Hydrostar.

Им се препорачува на спортисти и на физички активни луѓе, а посебно на оние што се заморуваат поради високите температури на воздухот.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Getty Images, PR

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.