Главоболка, а само што се разбудивте? Што е причината?

Фото: Getty Images

Главоболките после будењето можат да траат кратко, а за некои дури и со часови …

Започнувањето на денот со главоболка не е многу убаво чувство и може да биде многу исцрпувачко!

Овие пет работи можат да бидат причините за вашата главоболка:

Лошо спиевте 

Несоницата може да биде предизвикувач на главоболка. Научниците откриле јасна врска помеѓу лишување од сон и мигрена и главоболки од напнатост. Недостатокот на сон го намалува прагот на болка и ги прави луѓето почувствителни на главоболки.

Дехидратација

Ако не пиете доволно вода, може да се разбудите со главоболка. Дехидрираноста предизвикува главоболки кои можат да бидат релативно благи или силни како мигрена. Дехидратацијата влијае на секој дел од телото, вклучувајќи го и мозокот. Пијте доволно течности за да избегнете утрински главоболки.

Апнеа или ‘рчење

Нарушен сон предизвикан од ‘рчење или апнеја, исто така, може да биде извор на главоболки по будењето. Сепак, главоболката предизвикана од апнеа трае помалку од 30 минути.

Лекови

Лековите можат да бидат предизвикувач на главоболки и во тој случај треба да се консултирате со лекар за можна промена во терапијата.

Алкохол / мамурлак

Исто така, причината за утринската главоболка може да биде мамурлак. Големи количини на алкохол може да доведат до главоболки во раните утрински часови, еден од главните симптоми на мамурлак.

Ако имате проблеми со чести утрински главоболки, првото нешто што треба да направите е да посетите лекар, а потоа да го пробате методот „ослободување од болка“, што можете да го погледнете на видеото.

Прочитајте и: Што да јадете кога имате воспаление на белите дробови: Храна што крепи, ја враќа енергијата и го зајакнува имунитетот

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.