Што да јадете кога имате воспаление на белите дробови: Храна што крепи, ја враќа енергијата и го зајакнува имунитетот

Намирници

Ако имате воспаление на белите дробови, веројатно немате желба за храна, но мора да го закрепнете телото

Воспалението на белите дробови може да се препознае по овие симптоми:

  • Висока температура која лековите многу малку или воопшто не ја симнуваат.
  • Дишењето е плитко, човекот чувствува недостиг на воздух, не може да вдише длабоко
  • Пулсот се забрзува, крвниот притисок паѓа
  • Се појавува притисок и болка во градите
  • Слабост, поспаност, летаргичност
  • Длабока кашлица, зелен шлајм

Најчесто, воспалението на белите дробови се појавува неколку дена по грип или вирус, кога слабоста и кашлицата растат. Понекогаш се случува да дојде до воспаление на белите дробови и без висока температура. Тоа значи дека имунолошкиот систем не се бори против инфекцијата. Ова воспаление на белите дробови е најопасно: пациентот уморот му го припишува на стресот, прекумерната работа, проблемите на работа. Воспалението се покажува само со болна кашлица која личноста се обидува да ја излечи со чаеви и народни лекови.

Во овие случаи, задолжителна е посетата на доктор, кој ќе одреди правилно лекување.

Ако веќе знаете дека станува збор за воспаление на белите дробови, еве како да се храните за да си ја вратите снагата и да оздравете брзо и ефикасно:

  • Јадете 5 до 6 оброка дневно – мали порции. Не јадете на сила, туку обидете се да уживате во храната.
  • Намалете ја количината на сол за да не дојде до отекување, односно за полесно да се отстрани течноста од белите дробови.
  • Зеленчукот и месото гответе ги на пареа или во сопствените сокови. Многу е важно да ги зачувате хранливите состојки и влакната.
  • Јадете лесни супи и чорби полни со свеж зеленчук, направете смуди од овошје, со додаток ореви.
  • Јадете немасно месо и риба.
  • Пијте јогурт или кефир, кои ќе го ублажат негативното дејство на антибиотиците.
  • Немојте да пиете алкохол или енергетски пијалаци. Никако немојте да јадете благо, чадено месо, пити и тесто.
  • Пијте многу чиста вода од собна температура.
  • Пијте чаеви од камилица, липа, шумско овошје…
  • За да спречите констипација предизвикана од антибиотици, направете си компот од сливи.
  • Што повеќе одморајте…
СИНЏИРЕСТА РЕАКЦИЈА: Повеќе влакна, здрави бели дробови
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.