Домашен сок што ја прочистува крвта, лечи анемија и болести на бубрезите: Нема ништо поздраво и повкусно од оваа напивка!

Само природно

Овој сок можете да им го давате и на деца

Се смета за универзален еликсир за прочистување и зајакнување на крвта, за природно средство што лечи анемија, проблеми со бубрезите, астма и опаѓање на косата.

Станува збор за домашен сок од коприва, во кој еднакво уживаат и оние што имаат здравствени проблеми и оние што едноставно сакаат да се напијат нешто природно, вкусно и здраво.

Почетокот на пролетта е идеално време за берење млади листови од коприва од кои се приготвува овој природен еликсир.

Направете го сами! Ви предлагаме народен рецепт во комбинација со мед и лимон – одлична комбинација на природни состојки во која генерациите уживаат веќе со децении.

Исклучително важно е да се одбираат само млади листови на коприва (оние на врвот и 3 до 4 листа под врвот), во подрачје што не е загадено од сообраќај или индустриско производство. Шеќерот можете да го замените со мед или стевија.

Состојки:
  • 1 литар филтрирана вода
  • 400 г свежи, млади листови од коприва
  • 7 лимона
  • 800 г кафеав шеќер (или друг засладувач по желба)
  • 5 супени лажици ливадски мед
Приготвување:

Добро измијте ги листовите од коприва. Во сад сипете прочистена вода и 5 лимона што претходно сте ги пресекле. Поклопете го садот и оставете го да отстои 24 часа.

Следниот ден, добро изгмечете ги сите состојки, па процедете. Додајте засладувач (шеќер, стевија) и свежо цеден сок од преостанатите два лимона. Ставете го сето тоа на рингла и оставете го да врие околу 5 минути, со непрестајно мешање.

Ако забележите пена, тргнете ја од површина. Ако користите мед, не го ставајте за време на варењето, туку откако смесата целосно ќе се олади, непосредно пред да ја сипете во шише.

Стерилизирајте шишиња, па откако ќе го сипете сокот, добро затворете ги и чувајте ги на ладно и темно место.

Може да го приготвите сирупот од коприва и без варење.

Садот со коприва, вода и лимон оставете го да отстои 24 часа, а потоа исцедете ја смесата (изгмечете ги лимонот и копривата) и додајте засладувачи.

Сето тоа добро измешајте го и оставете го уште 3-4 часа за да се стопи шеќерот, со повремено мешање, а потоа сирупот сипете го во шишиња. Домашниот сируп има рок на траење до 6 месеци.

Пробајте го и овој домашен сок од нане што лечи дури 10 болести!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.