Билка што ја викаат „чисто злато“: Намалува отоци, ги лекува белите дробови, спречува карцином и отстранува вируси!

Моќна билка

Овој украсен ползавец кој најчесто го гледаме како расте на ѕидовите од старите згради има моќни лековити својства

Бршленот честопати се потценува кога станува збор за здравствените придобивки.

Расте на места со ладовина, бара многу влага, а не му пречи студ, па останува зелен цела година. Поради тоа е омилен и како декоративна билка, особено во зимската сезона.

Покрај убавиот изглед, бршленот има и значајни лековити својства.

Во античка Грција, Хипократ користел бршлен за превенција на труење, намалување отоци и како анестетик.

Денес се користи во терапијата на респираторните состојби како астма, бронхитис, хронични опструктивни болести на белите дробови, потоа, воспаленија и артритис. Бршленот покажува антивоспалително, антиоксидативно, антивирусно, спазмолитичко, антимикробно и антитуморско дејство.

Сапонините и флавоноидите се главните активни компоненти на оваа билка и најчесто биле предмет на научни истражувања. Сапонините ја олеснуваат ресорпцијата од цревата и се борат против бактерии. Флавоноидите ги отстрануваат токсините од организмот, ги зајакнуваат ѕидовите на крвните садови, ја ублажуваат алергијата, ја модулираат ензимската активност во организмот.

Бршленот помага за опуштање на дишните патишта и ја намалува кашлицата, што е особено важно за луѓето со алергии, астма, бронхитис и хронични опструктивни болести на белите дробови.

Антивоспалителниот ефект на листовите од бршлен може да помогне кај алергиите така што го блокира хистаминот, кој се ослободува како одговор на алергените.

Ја намалува мувлата и го подобрува квалитетот на воздухот

Бршленот се вбројува во топ 10 билки кои имаат способност за прочистување на воздухот, според НАСА. Бршленот ги отстранува отровите како што се бензен, формалдехид, ксилен и толуен, за кои е познато дека можат да предизвикаат таканаречен „синдром на болна зграда“, односно состојба во која луѓето се разболуваат затоа што поминуваат време во одредена зграда или просторија.

Едно научно истражување открило дека бршленот може да го намали бројот на честици на фекални материи и мувла. Истражувачите откриле дека количината на фекални материи опаѓа за повеќе од 94%, а на мувлата за 78,5%, во рок од 12 часа. Овие истражувања, меѓутоа, се спроведени во мал и ограничен простор, така што во домаќинството бршленот веројатно не е толку ефикасен колку вистински прочистувач на воздухот.

Можен нов третман за артритис

Екстрактот од бршлен може да им биде од корист на луѓето со артритис. Едно истражување спроведено на глувци покажало дека симптомите на воспаление и отекување на дланките и зглобовите, продуктивно се намалувале во текот на третманот од 7 дена. За да се потврдат овие сугестии за ефикасноста на бршленот во случај на артритис, потребно е да се спроведат повеќе истражувања на луѓе.

Билки што позитивно влијаат на нашето здравје
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.